ЖЕНА СЕ ОБИДЕ ДА МЕ НАПАДНЕ ВО СКОПСКО КАФУЛЕ, МЕ СПАСИ ПРИЈАТЕЛ, ВЕЛИ ПЕЈАЧКАТА ЕЛЕНА РИСТЕСКА

    ЖЕНА СЕ ОБИДЕ ДА МЕ НАПАДНЕ ВО СКОПСКО КАФУЛЕ, МЕ СПАСИ ПРИЈАТЕЛ, ВЕЛИ ПЕЈАЧКАТА ЕЛЕНА РИСТЕСКАРистеска вели дека не е повредена, и имала среќа што пред неа стоел пријател, кој пред неа забележал дека жената сака да ја нападне. (Фото: Фејсбук)

    Поп-пејачката Елена Ристеска потврди дека прексиноќа избегнала обид за напад со тврд предмет во скопскиот ноќен клуб „Интермецо“. Во 2.30 по полноќ, пејачката случајот го пријавила во СВР во Центар.

    „Е. Р. (37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е. Т. (женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во полицискиот билтен.

    „Бев излезена со пријатели во клубот,  и сосема неочекувано, женска личност се обиде да ме удри со тврд предмет по главата“, потврди Ристеска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Пејачката вели дека не е повредена, и имала среќа што пред неа стоел нејзин пријател, кој пред неа забележал дека жената сака да ја нападне.

    „Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас, бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 21 година кариера,  градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име. И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, кажа Ристеска.

    Од МВР ни кажаа дека кај нив е пријавен таков напад, но оти имиња на учесници и на жртви или повредени, како што е вообичаено, не може да откриваат.

    Во четвртокот, Ристеска заедно со колегите од некогашната продукција „М2“, Ламбе Алабаковски и Бојана Скендеровски, настапи на добротворниот концерт „Ѕвездите на М2 и пријателите“ во Скопје. Концертот се одржа во рамките на Деновите на донирање.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира