ЖЕРНОВСКИ И ОФИЦИЈАЛНО ПРЕДЛОЖЕН ЗА ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

    ЖЕРНОВСКИ И ОФИЦИЈАЛНО ПРЕДЛОЖЕН ЗА ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИПредлозите за нови министри и заменици синоќа биле испратени до Собранието. - Андреј Жерновски и Зоран Заев (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев до Собранието синоќа ги испратил предлозите за заменици-министри во Владата, вклучувајќи го и поранешниот градоначалник на Општина Центар Андреј Жерновски, кој е кандидат за заменик-министер во Министерството за надворешни работи, потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција.

    Предложени се уште тројца заменици-министри: Асим Муса во Министерството за здравство, Ѓонул Бајрактар во Министерството за труд и социјална политика и Садик Бекири во Министерството за транспорт и врски.

    Од Владата во Собранието вчера се пратени и оставките на замениците-министри: Арта Точи од МНР, Гоце Чакаровски од Министерството за здравство, Арбер Адеми од МОН, Елмир Азири од Министерството за труд и социјална политика и Ремзи Мехмети, заменик-министер за транспорт и врски.

    Кај министрите, Рената Тренеска Дескоска од министер за образование оди во Министерството за правда, а во образование Арбр Адеми, сегашен заменик-министер за образование. Роберт Алаѓозовски заминува од министер за култура, а на негово место треба да седне Асаф Адеми, кадар на Движењето Беса од крилото на Африм Гаши.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира