ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛАТА И СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ИМОТИ ДА НАПРАВАТ ПОЈАСИ И ОРАНИЦИ КАКО ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИТЕ, АПЕЛИРА ЦУК

    ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛАТА И СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ИМОТИ ДА НАПРАВАТ ПОЈАСИ И ОРАНИЦИ КАКО ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИТЕ, АПЕЛИРА ЦУКВо моментов има 14 активни пожари, а под контрола се 5 тешки пожари. Од пожарите во Светиниколско. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов апелира до сите сопственици на куќи и викендици во планински и напуштени села, да направат мек противпожарен појас околу имотите.

    Во моментов има 14 активни пожари, а под контрола се 5 тешки пожари.

    „Ги повикувам сите жители на селата кои можат да бидат зафатени од пожари, да направат противпожарни појаси околу селата, широки по 20 метри, ораници од големи трактори и некаде да се исчисти со булдожер. Не можеме да претпоставиме каде ќе избие нов пожар. Проблем е силниот ветер, за жал прогнзоите се дека ќе продолжи да дува и понатаму. Сувата вегетација и високите температури ќе придонесат за нови пожари“, рече Ангелов.

    Неколку пожари се намерно подметнати, но вчера имаше појава на пожари од искрење на електрични жици. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Директорот на ЦУК апелираше до земјоделците да прекинат со палењето на стрништа и пасишта, бидејќи, како што вели, тоа може да биде како обид за убиство.

    „Ќе навлезе во шума, во село и може да убие човек“, кажа Ангелов, додавајќи дека неколку пожари се намерно подметнати, но вчера детектирале и појава на пожари од искрење на електрични жици.

    „Вчера имавме тешки и опасни моменти. Загрозени беа животите на луѓето, а некои жители не сакаа да ги напуштат домовите иако огнот беше многу близу. Едноставно, од страна на пожарникарите, се проверуваа и дел од загрозените од пожарот куќи, за некој жител случајно да не останал.Тешко им беше да ги напуштат домовите“, велат од ЦУК.

    Вчера едно лице загина во пожарот кој го зафати кумановското село Кокошиње. Како што соопшти ЦУК, пожарот кој брзо се ширел поради ветерот ја зафатил куќата во која живеело загинато лице заедно со сопругата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира