ЗЛОУПОТРЕБЕНИ СЕ 23 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ПОЈАСНИ УЈП ОТКАКО ВЛАДАТА ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА ФИРМИ ШТО НЕ ЈА ИСПЛАТИЛЕ ДРЖАВНАТА ПОМОШ НА ВРАБОТЕНИТЕ

    ЗЛОУПОТРЕБЕНИ СЕ 23 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ПОЈАСНИ УЈП ОТКАКО ВЛАДАТА ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА ФИРМИ ШТО НЕ ЈА ИСПЛАТИЛЕ ДРЖАВНАТА ПОМОШ НА ВРАБОТЕНИТЕ281 фирми примиле помош од 9.995.565 денари за месец април, а за мај 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари. Детал од Скопје - (Фото: Ѓ.Личовски)

    Владата за својата веб страна го објави списокот на фирми кои примиле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати. Од Владата во информацијата објавена на нивната веб страна заедно со линкот со имињата на компаниите, не кажуваат дали ќе има казни за газдите и какви ќе бидат тие.

    Од Управата за јавни приходи појаснуваат дека за месеците април и мај злоупотребени се 23 милиони денари од помошта што за минимални лични доходи државата ги префрли на компаниите.

    „Не е точно дека сумата која не е исплатена како плата, а е добиена од државата како помоше е 10 милиони евра. Како што кажавме на прес-конференцијата во вторникот вкупно 281 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец април во износ од 9.995.565 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени. За месец мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари“, соопштија вечерва од Управата за јавни приходи.

    Директорката на Управата за јавни приходи Саља Лукаревска на прес-конференција апелираше сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта на мерката била да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат газдите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира