ЗНМ ПОБАРА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БОЖИНОВСКИ НА ПРОТЕСТ ПРЕД СУДОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗНМ ПОБАРА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БОЖИНОВСКИ НА ПРОТЕСТ ПРЕД СУДОТ

    Здружението на новинари на Македонија протестира пред Основниот суд Скопје 1 за ослободување од притвор на новинарот Зоран Божиновски. Протестот се случува непосредно пред почетокот на судењето на Божиновски.
    Како дел од случајот „Шпион“, Божиновски е обвинет за шпионажа, злосторничко здружување и уцена, но бидејќи беше недостапен за органите на прогонот додека траеше постапката за останатите 18 лица, Обвинителството за организиран криминал води посебна постапка. Божиновски е во притвор од 21 април, кога беше екстрадиран од Србија.
    „Сакаме да го осудиме прогонот на новинари, кој во Македонија се заканува да стане практика. Нема дилема дека Божиновски стана предмет на кривичен прогон поради неговата работа како новинар и поради неговите објавени злоупотреби за власта. Тој е обвинет за тешки кривични дела затоа што власта преку злоупотреба на законите и на институциите сака да ги затскрие вистинските намери, да замолчи еден новинар, да ги дисциплинира и да ги заплашува другите и да спречи јавноста да ја дознае вистината за начинот на нејзиното владеење“, порачаа од ЗНМ.
    Протестот е поддржан од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС).
    Минатата недела, во писмо упатено до Претседателот и до Јавниот обвинител, Меѓународната федерација на новинари повика на итно и безусловно ослободување на Зоран Божиновски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира