ЗВРЛЕВСКИ СО ИСТРАГА ЗА ФУНКЦИОНЕРИ НА МВР ОД КУМАНОВО, СТРУМИЦА И СКОПЈЕ ЗА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ГЛАСАЧИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗВРЛЕВСКИ СО ИСТРАГА ЗА ФУНКЦИОНЕРИ НА МВР ОД КУМАНОВО, СТРУМИЦА И СКОПЈЕ ЗА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ГЛАСАЧИТЕ

    Јавно обвинителство на Марко Зврлевски соопшти дека спроведува предистражни постапки против поранешни високи функционери на МВР и други правни и физички лица од Скопје, Куманово и Струмица за изборни нерегуларности. Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постои основано сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите во 2014 и 2016 година.

    „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека работејќи континуирано на откривање и гонење на организираниот криминал и корупција, спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР на РМ и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица. Делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела“, се вели во денешното соопштение на ОЈО.

    Во 2014 и 2016 година имаше предвремени парламентарни избори.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира