ЗВРЛЕВСКИ САКА ДА ИЗБЕГА ОД ОБВИНИТЕЛКАТА ШТО АПСИ ПРЕМИЕРИ

    ЗВРЛЕВСКИ САКА ДА ИЗБЕГА ОД ОБВИНИТЕЛКАТА ШТО АПСИ ПРЕМИЕРИ

    Скопје, 21 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе ја избегне средбата со романската главна обвинителка во Националниот директорат за антикорупција (ДНА) Лаура Кодрута Ковеси и со Специјалната обвинителка Катица Јанева, со кои во вторник требаше да учествува на антикорупциска конференција во Скопје.

    Зврлевски беше најавен како еден  од панелистите на конференцијата на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“, дел од програмата за антикорупција на американската владина агенција за странска помош УСАИД што ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), а ќе се одржи во хотелот Холидеј ин од 10 часот.

    Според МЦМС, од Јавното обвинителство телефонски биле известени дека Јавниот обвинител Зврлевски нема да биде во можност да присуствува на конференцијата и дека поканата била проследена до другите обвинители. Сепак велат дека до последен момент оставаат можност јавниот обвинител да најде време да се појави на дебатата.

    Зврлевски беше планиран како панелист на темата „Непристрасност, интегритет, ефикасност – што е предуслов за борба против корупцијата на високо ниво?“.  Романската обвинителка Лаура Кодрута Ковеси, која се прослави со истрагите со кои еден експремиер е в затвор, а на друг му се суди за корупција, и Специјалната обвинителка Катица Јанева се другите двајца панелисти на оваа тема, на која ќе се бара одговор и дали бробата против корупција на високо ниво е прашање на личност или на систем.

    laura kodruta kovesi 04

    Лаура Кодрута Ковеси

    Ковеси, која минатиот месец доби уште еден тригодишен мандат на чело на ДНА, ќе говори и за успешните примери за процесирање истраги за корупција на високо ниво во Романија. Во нејзиниот прв тригодишен мандат таа покрена истраги против илјадници високи функционери, од кои еден експремиер, Адијан Настасе заврши в затвор. Таа лани покрена истрага и против премиерот Виктор Понта додека тој сѐ уште беше на функција и даде налог за замрзнување на неговиот имот, по што беше покренато обвинение.

    Ковеси, која минатиот месец доби уште еден тригодишен мандат на чело на ДНА, ќе говори и за успешните примери за процесирање истраги за корупција на високо ниво во Романија.

    Ковеси, која минатиот месец доби уште еден тригодишен мандат на чело на ДНА, ќе говори и за успешните примери за процесирање истраги за корупција на високо ниво во Романија.

    42-годишната Ковеси, ќерка на државен обвинител моќен од 1980-2010, претходно 6 години била Јавен обвинител, а откако дојде на чело на ДНА, агенцијата која претходно гонела само корупција на пониски државни службеници,  почнува голема борба против кражбите и корупцијата во врвот на власта.

    Само во 2015, Ковеси има покренато 1.250 обвиненија за корупција на високо и средно ниво против државни функционери, меѓу кои се и десетици градоначалници, пратеници, и стотици поранешни судии и обвинители. Како што самата ќе изјави, „покренавме истраги и против двајца министри на функција, од кои едниот од министерското столче замина директно во притвор“. Во 90 отсто случаи покренатите обвиненија завршуваат и со судска пресуда. Меѓу осудените, на 10 години за корупција, е и Дан Воикулеску, политички, бизнис и медиумски тајкун, чии медиуми предничат во кампањите за оцрнување на обвинителката Ковеси и дискредитација на ДНА.

    На почетокот на месецов ДНА поднесе обвинение и против еден од најбогатите романски биснисмени Дан Адамеску, за перење пари и злуопотреба на службената должност како директор на најголемата осигурителна компанија во земјата, кој е пуштен од притвор со кауција од 10 милиони долари.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари