29-ГОДИШНА ТРУДНИЦА ОД КУМАНОВО МЕЃУ ЧЕТИРИТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 398 ПОЗИТИВНИ ОД 6.383 ТЕСТОВИ

    29-ГОДИШНА ТРУДНИЦА ОД КУМАНОВО МЕЃУ ЧЕТИРИТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 398 ПОЗИТИВНИ ОД 6.383 ТЕСТОВИАктивни се 1.994 ковид болни, од кои најмногу во Скопје и Тетово.

    Четворица починати од ковид-19 и 398 нови позитивни од 6.383 тестирања (6,2 отсто од тестираните) се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Почината е и 29-годишна трудница во 7. месец од бременоста од Куманово. Од Министерството велат дека таа немала коморбидитети и не била вакцинирана. Како што неофицијално дознаваме од Кумановската болница, таа била 3 дена хоспитализирана во оваа болница, а потоа е префрлена на Инфективната клиника во Скопје, каде и починала, а бебето е спасено со царски рез и е во инкубатор. Починати се уште 2 жени од Куманово (49 и 74) и едно лице од Гостивар (78), сите во болнички услови.

    Новите случаи се во Скопје – 136, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица – по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – 5, Кочани – 4, Прилеп и Валандово – по 3, Велес, Штип, Свети Николе и Ресен – по 2, Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.

    Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Битола – 4, Куманово – 3, Радовиш – 2, Штип и Берово – по 1.

    Направени се 6.383 тестови преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-68, ЦЈЗ Тетово–47, ЦЈЗ Куманово–75, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–56, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-429, Биотек-158, Систина-96, лабораторија Лаор-939, Синлаб-12, Ремедика-4, Плодност–56, Генеа–5, Никоб лаб-917, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.077.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.019.192 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани досега се 158.025, од кои оздравени се 150.524, починати се 5.507, а активни се 1.994 болни.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 69397, Активни 603
    Куманово 9058, Активни 145
    Прилеп 8354, Активни 24
    Тетово 7924, Активни 572
    Битола 6373, Активни 57
    Велес 5488, Активни 12
    Гостивар 5420, Активни 221
    Кавадарци 5175, Активни 18
    Охрид 5061, Активни 40
    Штип 4977, Активни 12
    Струмица 4189, Активни 59
    Струга 3013, Активни 30
    Кочани 2818, Активни 22
    Кичево 2681, Активни 73
    Гевгелија 2197, Активни 1
    Неготино 2184, Активни 0
    Свети Николе 1530, Активни 5
    Ресен 1238, Активни 4
    Крива Паланка 1227, Активни 0
    Радовиш 1173, Активни 9
    Берово 1043, Активни 10
    Делчево 975, Активни 1
    Дебар 990, Активни 46
    Виница 892, Активни 6
    Пробиштип 790, Активни 1
    Валандово 677, Активни 8
    Богданци 494, Активни 0
    Крушево 490, Активни 0
    Демир Хисар 400, Активни 0
    Демир Капија 396, Активни 0
    Кратово 377, Активни 0
    Македонски Брод 366, Активни 7
    Пехчево 276, Активни 7
    Македонска Каменица 250, Активни 1
    Дојран 132, Активни 0

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира