АНТИКОРУПЦИОНЕРОТ ГОРАН МИЛЕНКОВ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ

    АНТИКОРУПЦИОНЕРОТ ГОРАН МИЛЕНКОВ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ„Пред малку дадов оставка од здравствени причини. Мојата оставка нема врска со написите во вашиот медиум и не би сакал да давам други коментири“, ни рече кусо во телефонскиот разговор Миленков.(Фото:МИА)

    Антикорупционерот Горан Миленков денеска си поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупција.

    Миленков за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека оставката ја поднел поради здравствени причини и нема никаква врска со написите кои ги објавивме за ненаменско трошење на буџетски средства кои биле утврдени со внатрешната ревизија на Управата за јавни приходи.

    „Пред малку дадов оставка од здравствени причини. Мојата оставка нема врска со написите во вашиот медиум и не би сакал да давам други коментири“, ни рече кусо во телефонскиот разговор Миленков.

    Ревизијата на УЈП се однесува на составот на Комисијата со претседателот Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, Најдо Спасевски, Сузана Таскова Аџикотарева и Сејди Халили, кои се на оваа функција во ДКСК од април 2015.

    Претседателот Тантуровски во петокот рече дека нема намера да поднесе оставка и дека објавените податоци од ревизорскиот извештај биле извадени од контекст.

    По серијата објави на САКАМДАКАЖАМ.МК дека членови на Антикорупциската комисија ненаменски трошеле буџетски пари Основното јавно обвинителство по допред глас на 1 март оформи предмет за трошењето на буџетски пари од страна на челновите на Комисијата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира