ДВАЈЦА ОД ПРЕДЛАГАЧИТЕ НА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ ГЛАСАА ПРОТИВ

    ДВАЈЦА ОД ПРЕДЛАГАЧИТЕ НА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ ГЛАСАА ПРОТИВКоординаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев и независниот пратеник Ферид Мухиќ, кој вчера искажа поддршка за законски измени. (Фото: СДК.МК)

    Пратеничките Хадри Шпреса и Емини Асани Мирсада, кои се потпишани како дел од предлагачите на измените на Законот за заштита од пушењето, на вчерашната седница во Собранието гласале против својот предлог.

    Законските измени на вчерашната седница, останаа да ги бранат координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, и неговиот заменик Јован Митрески, додека Мирсада Емини Асани и Шпреса Хадри од ДУИ, иако се предлагачи на законот, гласаа против. Другите двајца предлагачи, Петре Шилегов и Васко Ковачевски, не се веќе во Парламентот, станаа градоначалник и директор на РЕК Битола. Ивана Туфегџиќ, иако првично беше потпишана на измените, на предлогот го немаше нејзиниот потпис. Туфегџиќ од говорница вчера го поддржа законот и гласаше за негово усвoјување.

    Со 41 глас „за“, вчера Собранието го усвои Предлог-Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка, поднесен од. 14 беа „против“ и имаше еден „воздржан“.

    Листинг од гласањето за измените на Законот за забрането пушење во Собранието на 15 октомври

    Со измените, како што кажа при образложувањето на Предлог-законот Томислав Тунтев, е предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. Тој кажа дека не се бара да се укине забраната за пушење во јавните институции, установи, автобуски станици, канцеларии и други затворени простории.

    „Останува целосно во сила забраната за пушење во сите затворени објекти. Ниту едно право што го имаат непушачите во моментов нема да биде загрозено“, рече Тунтев.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира