Дванаесет лица се тестираат за коронавирус во моментов на Инфективната клиника во Скопје, кажа министерот за здравтсво Венко Филипче.
Двајца пациенти кои патувале во Италија и си дошле здрави пред 5-6 дена, утрово се јавиле со симптоми на грип. Потоа има и осум лица од Дебар, кои биле комшии на тројцата заболени со коронвирус кои беа хоспитализирани пред некој ден и живееле во куќа лепенка до нив.
Потоа има пациент од Кочани, кој патувал во Италија и пациент од Прилеп. Резултатите ќе бидат познати за два часа.
Во моментов на Клиниката има седум пацинети со коронавирус, сите се со лесна клиничка слика, дишат сами без машина за вентилирање, а првозаболената пациентка има втор негативен тест и наскоро ќе биде пуштена од Инфективната клиника на домашно лекување.
Филипче кажа дека засега се здрави сите луѓе кои се во домашна изолација поради контакти со заболената директорна на Клиниката за кожни болести.
Б. НЕСТОРОСКА