ФОТОГРАФИИ НА КЕМАЛ АТАТУРК СНИМЕНИ ОД МАНАКИ ВО 1909 ОТКРИЕНИ ВО АРХИВОТ ВО БИТОЛА ПО ДЕЦЕНИИ ИСТРАЖУВАЊА

    ФОТОГРАФИИ НА КЕМАЛ АТАТУРК СНИМЕНИ ОД МАНАКИ ВО 1909 ОТКРИЕНИ ВО АРХИВОТ ВО БИТОЛА ПО ДЕЦЕНИИ ИСТРАЖУВАЊААрхивот поседува најмалку две фотографии на кои се гледа ликот на Кемал Ататурк (во средина десно). Фотографиите се снимени при посета на воена делегација на Битола предводена од Колман фон дер Голц, познат и како Голц паша. (Фото: Државен архив)

    Битолското одделение на Државниот архив дојде откри дека има најмалку две фотографии од таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал-Ататурк (1881-1938), снимени од браќата Милтон и Јанаки Манаки. Ататурк, кој подоцна стана претседател на Турција, во Битола бил фотографиран како офицер и придружник на Колман фон дер Голц познат и како Голц паша, генерал-фелдмаршал, воен теоретичар и еден од највлијателните германски воени советници во Отоманската Империја.

    Во позадина на придружбата се гледа впечатливото лице на младиот Кемал кој веројатно бил дел од воената придружбата која имала за задача да направи увид во воената способност на битолските касарни. (Фото Државен архив)

    Од Државниот архив соопштија дека со години имале дилема дали Милтон Манаки го имал фотографирано Кемал Ататурк, кој учел во воената гимназија во Битола во периодот од 1896 до 1899 година. До точниот одговор дошле деновиве, поточно на 14 и 15 септември, кога Архивот во Битола го посети Каталин Д. Константин, издавач, антрополог и професор на Универзитетот во Букурешт, Романија. Архивот и Каталин ги спои првично работата на браќата Манаки која тој веќе подолго ја истражува. При неговата посета фокусот повторно беше ставен на нивното дело и архивското културно наследство кое се чува во Архивот. Во разговорите им се наметнало и неодговореното прашање кое се поставува од кога материјалот од Милтон е примен во Архивот: дали Милтон навистина го фотографирал Кемал Ататурк?

    веројатно било во 1909 година, кога Ататурк (во средина) бил офицер во осмалиската армија и се поврзува со воената придружба на Голц паша во Битола. (Фото: Државен архив)

    На фотографиите, односно стаклените плочи под број 515 и 1417, во описот стои дека се работи за ученици од Воената гимназија со Кемал Ататурк. Иако е очигледно дека на овие фотографии се фотографирани ученици во Воената гимназија ниту едно од лицата не наликува на младиот Кемал Ататурк. До тој заклучок дошле и сите истражувачи, домашни и странски, кои го истражувале фондот на браќата Манаки. Но, збунувало тоа што Милтон додека бил жив со сигурност тврдел дека има фотографија од Ататурк некаде во ателјето.

    „Приказната за Кемал Ататурк веројатно не завршува тука, се надеваме дека во скоро време ќе имаме можност да презентираме уште материјали за неговиот престој во Битола“, велат од Архивот. (Фото: Државен архив)

    „Дилемата беше расчистена преходната недела кога по плодни разговори на темата Каталин предложи дека можеби Кемал не треба да го бараме во раните години на работата на браќата Манаки туку подоцна, во некоја од посетите кои тој ги остварил по дипломирањето. Прашањето е одговорено со ‘да’. Архивот поседува најмалку две фотографии на кои се гледа ликот на Кемал Ататурк. Фотографиите се снимени при посета на воена делегација на Битола предводена од Колман фон дер Голц, познат и како Голц паша. Во позадина на придружбата се гледа впечатливото лице на младиот Кемал кој веројатно бил дел од воената придружбата која имала за задача да направи увид во воената способност на битолските касарни“, соопштија од Архивот.

    До точниот одговор дошле деновиве, поточно на 14 и 15 септември, кога Архивот во Битола го посети Каталин Д. Константин, издавач, антрополог и професор на Универзитетот во Букурешт, Романија. (Фото: Државен архив)

    Тоа веројатно било во 1909 година, кога Ататурк бил офицер во осмалиската армија и се поврзува со воената придружба на Голц паша во Битола. Од Архивот додаваат дека овие значајни фотографии ќе бидат тема на темелни истражувања во иднина.

    „Приказната за Кемал Ататурк веројатно не завршува тука, се надеваме дека во скоро време ќе имаме можност да презентираме уште материјали за неговиот престој во Битола“, велат од Архивот.

    Токму ликот на Ататурк и неговиот некогашен престој во Битола, како и љубовта со рисјанката Елени Каринте, која најверојатно се случила во 1909 кога тој ја посетил Битола, секојдневно носат турски туристи во Битола, каде во отоманскиот период имало странски конзуларни претставништва и затоа се викал градот на конзулите. Турците се најчестите гости во Битола, а редовно ја посетуваат Спомен-собата на Ататурк и се фотографираат пред куќата на Каринте на Широк Сокак.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира