Министерката за финанисии Гордана Димитриска-Кочоска вели дека во наредните 10-15 години десетици големи европски земји ќе банкротираат. Таа ова го изјава вчера, одговарајќи на новинарско прашање по настанот за формирање на Комитетот за јавни инвестиции, додавајќи дека Македонија добива пофалби од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и од Светска банка.
„Населението старее низ цела Европа. Ова е општ проблем со демографијата. Она што го кажувате вие, го кажуваме и ние таму. Колку што се сеќавам во изминатиот период, во Владата, премиерот имаше средби со иселеници кои се враќаат. Дури и на Запад ситуацијата не е како што беше порано. Гледате што се случува. Има некои проекции што ги имаат меѓународните финансиски институции, во следните 10 до 15 години, големи европски земји, десетици, ќе банкротираат. Ова значи дека нашите луѓе што живеат во Европа гледаат каква е ситуацијата, што не можеме да го кажеме за нас, напротив, добивме пофалби од ММФ и Светска банка во врска со консолидацијата на буџетот“, изјави министерката Димитриеска-Кочоска.
Во Македонија, индустриското производство во февруари годинава е намалено за 4,2 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Овој пад доаѓа по уште поизразеното намалување во јануари, кога производството беше пониско за 6,6 отсто во споредба со почетокот на минатата година. Податоците за првите два месеци од 2026 година покажуваат и континуирано кратење на бројот на работници во индустрискиот сектор.
Според најновите податоци на Државниот завод на статистика за земјоделското производство, во текот на 2025 година во Македонија е забележан сериозен пад на производството кај сите овошни култури, иако истовремено има благ пораст на површините под овоштарници. Најдрастично намалување од 54,1 отсто е евидентирано кај црешите, каде што се собрани само 2.544 тони во споредба со 5.537 тони претходната година.
А. АНТЕВСКА



