КАТИЦА ЈАНЕВА ВИКНАТА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВО ВТОРНИК ЗА „РЕКЕТ“

    КАТИЦА ЈАНЕВА ВИКНАТА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВО ВТОРНИК ЗА „РЕКЕТ“Неофицијално, како и останатите досега сослушани од Обвинителството за организиран криминал, Јанева денеска добила покана како сведок. - Катица Јанева на прес-конференција во СЈО (Фото: К. Попов)

    Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе се соочи со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за случајот „Рекет“ во вторник. Неофицијално, како и останатите досега сослушани, Јанева денеска добила покана како сведок.

    Не се знае дали и кој ќе помине во осомничено лице. Досега се сослушани обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, како и шефицата на Кабинетот на Јанева.

    Утре сведочи обвинителот од СЈО Бурим Рустеми. Јосифовска е за давањето времена патна исправа на осомничениот во „Империја“ Орце Камчев, Стефанова и Рустеми за влијание врз истрагите „Империја“ и „Поштенска банка“.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира