КЛЕКОВСКИ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, ПЕРИНСКИ ДИРЕКТОР НА ФЗО, ОД „ВРЕДИ“ МИНИСТРИ ЗА ПРАВДА, КУЛТУРА И ОДНОСИ СО ЗАЕДНИЦИТЕ, КАЖА МИЦКОСКИ

    КЛЕКОВСКИ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, ПЕРИНСКИ ДИРЕКТОР НА ФЗО, ОД „ВРЕДИ“ МИНИСТРИ ЗА ПРАВДА, КУЛТУРА И ОДНОСИ СО ЗАЕДНИЦИТЕ, КАЖА МИЦКОСКИМицкоски изјави и дека Демократската партија на Турците влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: Принтскрин од видео)

    Директорот на Фондот за здравство (ФЗО) Сашо Клековски е предлог на ВМРО-ДПМНЕ за министер на Министерството за здравство, а досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински ќе роводи со ФЗО, кажа премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој по вечерашниот партиски состанок на Извршниот комитет ги соопшти кадрите опфатени со  реконструкцијата на Владата.

    Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски, а за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите кој досега беше вицепремер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците. За министер без ресор задолжен за интеграција на Ромите е предложен Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

    Коалицискиот партнер „Вреди“ ќе раководи со Министерството за правда, Министерството за култура и туризам, како и со Министерството за односи меѓу заедниците. Неофицијално,  за министер за правда ќе биде предложен професорот Јетон Шасивари, за култура досегашниот заменик-министер Седат Сулејмани, а Агон Ферати за вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

    Претседателот на коалициониот партнер ЗНАМ Максим Димитриевски претходно кажа дека неговата партија ќе го преземе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а министер ќе биде државениот секретар во тоа Министерство и партиски потпретседател Борче Серафимовски. На чело на Министерството за јавна администрација останува досегашниот министер Горан Минчев.

    Се укинува досегашниот ресор за добро владеење, каде минатиот месец оставка поднесе министерот Арбен Фетаи по неколкумесечно недоаѓање на работа,  и тој ресор ќе биде директно под ингеренции на кабинетот на премиерот. Мицкоски изјави и дека Демократската партија на Турците влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕи ќе добие министер без ресор.

    Премиерот соопшти дека предлог-составот на Владата, заедно со биографиите на предложените министри, ќе биде доставен до Собранието до 3 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира