НАД 330 ЗАГИНАТИ И 1.500 ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО НЕПАЛ И ТИБЕТ, СЕ СТРАВУВА ОД НОВИ КАТАСТРОФИ

    НАД 330 ЗАГИНАТИ И 1.500 ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО НЕПАЛ И ТИБЕТ, СЕ СТРАВУВА ОД НОВИ КАТАСТРОФИЦелосните размери на катастрофата и натаму не се јасни (Фото: ДПА)

    Бројот на загинати во катастрофалните поплави во Непал порасна на повеќе од 330, додека стотици луѓе и натаму се водат како исчезнати, меѓу кои има и многу странски државјани. Експертите велат дека поплавите биле предизвикани од уривањето на глечер на дното на долина, но нејасно е што довело до неговиот колапс.

    Иако непалските власти кажаа дека претходно имало земјотрес, Геолошкиот завод на САД соопшти дека тресењето, всушност, била сеизмична енергија создадена од уривањето на глацијалните карпи и мраз, проследено со проток на остатоци. Наглиот и разорен налет на вода и кал бил висок неколку метри.

    Целосните размери на катастрофата и натаму не се јасни. Властите во Непал кажаа дека загинале најмалку 332 луѓе, а повеќе од 900 се водат како исчезнати, додека во Тибет има најмалку тројца починати и 558 исчезнати.

    Меѓу исчезнатите има граѓани на Индија, САД, Австралија, Русија, Велика Британија, Украина, Малезија, Канада, Латвија, Јапонија, Јужна Африка, Бугарија и Србија. Многу од жртвите оделе на аџилак на планината Каилаш во Тибет, свето место и за хиндусите и за будистите.

    Непалските власти изјавија дека десетици мостови се уништени, а речиси 40 километри патишта се оштетени, што ги комплицира напорите за пребарување и спасување. Непалската армија спаси повеќе од 100 луѓе од поплавените подрачја, користејќи хеликоптери. Спасувачите пронајдоа тела стотици километри низводно од најтешко погодените области.

    Кинеските власти предупредија дека бариерното езеро, кое се формирало на вливот на две реки, се прелева и може да експлодира.

    Во исто време, директорот на Центарот за истражување на катастрофи на Универзитетот Трибхуван во Непал, Басанта Раџ Адикари, изјави дека денеска или утре постои ризик од втор и трет бран.

    „Сè уште не знаеме. Нема обилни врнежи од дожд, но може да се случи лизгање на земјиште“, кажа Адикари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира