НАЈВЕРОЈАТНО СЕ ЗАПАЛИЛА СТАРА ИНСТАЛАЦИЈА ВО УНИВЕРЗАЛНА, НИЕ ПРЕДУПРЕДУВАВМЕ ДЕКА ОВА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ КОГА БЕШЕ ПРЕКИНАТ ПРОЕКТОТ, РЕЧЕ ИЗВЕДУВАЧОТ

    НАЈВЕРОЈАТНО СЕ ЗАПАЛИЛА СТАРА ИНСТАЛАЦИЈА ВО УНИВЕРЗАЛНА, НИЕ ПРЕДУПРЕДУВАВМЕ ДЕКА ОВА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ КОГА БЕШЕ ПРЕКИНАТ ПРОЕКТОТ, РЕЧЕ ИЗВЕДУВАЧОТМинистерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека ќе се продолжи со градбата штом се утврдат причините за пожарот.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Од нигде никаде изби пожарот, претпоставуваме дека е стар кабел или некоја стара инсталација, рече Лазар Арсовски сопственик на градежната фирма „Универзал-Балкан“, која ја врши реконструкцијата на Универзална сала, која денес се запали. Тој веднаш после пожарот изјави дека денеска утрово немало градежни работи на објектот и дека чуварите забележале дим. Вели дека очекувале да се случи вакво нешто бидејќи салата две години стоеше отворена бидејќи Град Скопје ги стопираше градежните работи.

    Реконструкцијата и сами гледате колку трае. Толку многу писма до инвеститорите, толку многу молби, како да сме знаеле дека ќе се случи ова. Самата сала е изградена 1963 години и имаме среќа што целата инфраструктура внатре од столчиња, е извадена надвор и всушност гореше старата конструкција, на старите иверици, ѕидови, плочки. Моите мајстори пробале со противпожарен систем да го изгаснат, тоа се иверици, стари со години, суви, и брзо горат. За пола саат сама се изгаси бидејќи нема што да гори. Апел до инвеститорите што побрзо да се изгради. Како компанија многу се измачивме ова да го изведеме ова. Ние салата ја чуваме три години, имало ситни проблеми, искра од кабел, сме ги санирале“, изјави Арсовски.

    Пожарот е локализиран. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Град Скопје во 2021 години по доаѓање на функција на градоначалничката Данела Арсовска ја стопираше реконструкцијата почната од ексградоначалникот Петре Шилегов. По две и пол години натегање и расправии Министерството за култура ја презеде салата и пред еден месец продолжи со реконструкцијата.

    Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека ќе се продолжи со градбата штом се утврдат причините за пожарот.

    Повикувам на брзо постапување на сите институции, со нас има и присутни од надзорот, од изведувачите, од фирмата која ја гради. Апелирам за брзо расчистување на случајот и апелирам да не се шират шпекулации. Нема жртви, нема починати во самиот објект. Направена е материјална штета за која експертите ќе утврдат колкава е. Објектот е осигуран, од осигурувањето ќе се санира штетата која е направена“, рече Костадиновска-Стојчевска.

    Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески изјави дека сè уште не се познати причините за пожарот и дополнително ќе ги утврди полициската екипа.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира