НАМЕСТО ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, ЃОРЃИЕВСКИ ЌЕ ПРАВИ СВЕЧЕН ОТЧЕТ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА  ЗА 100 ДЕНА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ

    НАМЕСТО ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, ЃОРЃИЕВСКИ ЌЕ ПРАВИ СВЕЧЕН ОТЧЕТ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА  ЗА 100 ДЕНА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕОва е првпат градоначлник да прави свеченост за 100 дена откако е на функција во сала која има капацитет за 890 лица и на која ќе бидат поканети актуелни функционери, градоначалници и партиски членови, сите градоначлници досега правеле прес-конференции само за новинари, кои поставувале прашање по излагањето на градоначлникот. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе прави свеченост во салата на Филхармонијата за 100 дена откако е на функцијата. Од неговиот кабинет утрово до медиумите испратија покана, во која се вели дека Ѓорѓиевски ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.

    „На настанот ќе бидат презентирани реализираните проекти, тековните активности и приоритетите во насока на развој и модернизација на градот“, се вели во поканата и се додава: „Покануваме Вашиот медиум да го проследи овој значаен настан“.

    Вообичаено, Филхармонија наплаќа за изнајмување на просторот за настани вон нејзината програма, а се издава бесплатно само со дозвола од Министерството за култура.

    Ова е првпат градоначалник да прави свеченост за 100 дена откако е на функција во сала која има капацитет за 890 лица и на која ќе бидат поканети актуелни функционери, градоначалници и партиски членови. Сите градоначлници досега правеле прес-конференции на кои биле поканети само новинари кои поставувале прашање по излагањето на градоначлникот.

    Ексградоначалничката Данела Арсовска направи отчет во Младинскиот културен центар (МКЦ) на кој беа поканети само новинари. Нејзиниот претходник, градоначалникот Петре Шилегов, одржа отчет на прес-конференција во Град Скопје.

    Свечености за отчет во првите 100 дена немаше ниту во мандатите на на Коце Трајановски, Трифун Костовски и Ристо Пенов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира