НЕМАВ ДОВЕРБА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ, БОКИ 13 Е БЛИЗОК СО СИТЕ, ПА И СО ОЛИВЕР СПАСОВСКИ, СВЕДОЧИ АНА КАМЧЕВА НА „РЕКЕТ“

    НЕМАВ ДОВЕРБА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ, БОКИ 13 Е БЛИЗОК СО СИТЕ, ПА И СО ОЛИВЕР СПАСОВСКИ, СВЕДОЧИ АНА КАМЧЕВА НА „РЕКЕТ“Камчева е сведок на обвинителката Вилма Русковска. Таа заврши со прашањата, на потег се обвинетите и одбраната со вкрстени прашања. - Обвинетата Катица Јанева и сведокот Ана Камчева на денешното судење за „Рекет“ (Фото: К. Попов)

    Обвинетата Катица Јанева во домот на кообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 на сведокот Ана Камчева, сопруга на Орце Камчев, ѝ кажала да ја повлече гаранцијата од над 14 милиони евра за тој да излезе од притвор, а дека таа ќе предложи куќен, според денешното сведочење на Камчева на „Рекет“.

    „Ми рече ако излезе нешто од муабетов, ќе знае дека е од мене, зашто имала апсолутна доверба во Бојан и во Зоран Милески. Рече дека може да отвори и други предмети за мојот сопруг. Се фалеше со нејзината моќ“, рече Камчева.

    Како рекла Катица, така и направила. Дала предлог, а судијата на претходна постапка го пуштил Камчев во куќен притвор.

    Камчева во сведочењето рече дека не била присутна кога нејзиниот сопруг му го дал милионот евра на Бојан Јовановски. Рече го информирала сопругот дека ќе го пријави случајот. Се сретнала со директорог на УБК Горан Николовски, му кажала дека ќе пријави оти е жртва на рекет.

    „Ме праша зошто немам доверба во институциите, му набројав со кого сè е близок, меѓу кои и со министерот за внатрешни работи“, кажа Камчева во сведочењето.

    Ако не се донело начелното правно мислење од Врховниот суд, според ценовникот од Боки 13, требало Камчев да плати 8 милиони евра, за целосно ослободување, со што би платиле осомничените незначителна отштета.

    Камчева е сведок на обвинителката Вилма Русковска. Таа заврши со прашањата, на потег се обвинетите и одбраната со вкрстени прашања.

    Прв стана адвокатот на Боки 13, кој побара да ги презентира различните изјави што ги дала сведокот Камчева пред Русковска во фаза на истрагата, со сведочењето нејзино денес. Потоа ја потсети дека нејзиниот сопруг бил пуштен во куќен притвор од Апелациониот суд Скопје, на што таа се согласи.

    Ја праша зошто не го пријавила рекетот, адвокатка е и знае дека таков е редот и обврска по законот. Рече дека ситуацијата не го дозволила тоа. На прашање од адвокатот одговори и дека со директорот на УБК Горан Николовски се среќавала лично и надвор од институцијата.

    Во „Рекет“, Боки 13 е обвинет за кривичните дела Перење пари и за Примање награда за противзаконито влијание, а второобвинетата Катица Јанева за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувањата. Зоран Милески-Кичеец, исто така, беше обвинет за Примање награда за противзаконито влијание, но тој го призна делото и беше осуден на три години затвор во издвоена постапка. Тројцата ги пријави Орце Камчев дека го рекетирале за да му ја олеснат положбата во истрагата „Империја“, каде што е првоосомничен.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира