ОДЗЕМЕНА КОЛАТА НА ЛИЦЕТО КОЕ ВОЗЕШЕ ПО ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ВО СКОПЈЕ, СЕ СНИМАШЕ И СЕ ОБЈАВИ НА ТИКТОК

    ОДЗЕМЕНА КОЛАТА НА ЛИЦЕТО КОЕ ВОЗЕШЕ ПО ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ВО СКОПЈЕ, СЕ СНИМАШЕ И СЕ ОБЈАВИ НА ТИКТОКЗа да не чека во колоната на булеварот 8 Септември, со колата се качува и вози по новата велосипедска патека.(Фото: Фејсбук)

    Парична казна и времено одземање на возилото заработи лицето кои возеше на новата велосипедска патека долж булеварот 8 Септември во Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов вечерва на својот Фејсбук профил напиша дека лицето е идентификувано, казнето од страна на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи и времено одземено му е возилото.

    Прекршокот 24-годишникот го направил уште на 7 декември. За да не чека во колоната на булеварот 8 Септември, тој од хотелот „Александар Палас“ со колата се качува на новата велосипедска патека која се направи есенва и вози по неа сѐ до булеварот Илинден. Цело време додека вози низ вело патеката се снима со мобилен телефон, а видеото го објавил на апликацијата ТикТок.

    И за овој случај надлежните реагираат односно лицето е казнето откако видеото се прошири низ социјалните мрежи. Пред неколку дена жител на Арачиново, со возило „бентли“ влета преку Порта Македонија и новогодишниот тунел на Плоштадот Македонија. Возачот беше казнет со 45 евра, но Шилегов призна дека оваа казна е мала и најави кривична пријави за загрозување на безбедноста.

    Возила постојано слободно си се движат и паркираат и на кејот 13 Ноември, на улица Македонија и на улица Никола Вапцаров, на Плоштад Филип Втори и под Камениот мост. Сите локации се во строгиот центар на градот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира