РАДЕВ ЌЕ ГИ СПАСУВА БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СО БЕЗБЕДНОСНИ СЛУЖБИ

    РАДЕВ ЌЕ ГИ СПАСУВА БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СО БЕЗБЕДНОСНИ СЛУЖБИОд состанокот на бугарскиот претседател Румен Радев со шефовите на безбедносните служби. (Фото: Претседател.бг)

    Бугарскиот претседател Румен Радев одржа средба со шефовите на безбедносните служби „за да се преземат соодветни мерки за адекватна заштита на правата на бугарските граѓани од дијаспората, кои се цел на напади“, соопштија од неговиот кабинет. Повод за средбата, според кабинетот на Радев, е писмото од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, но и сигнали од Бугари од Македонија „за зачестени појави на нарушувања на нивните права само поради тоа што се самоопределуваат како етнички Бугари“. Во соопштението не се прецизира какви мерки ќе бидат преземени.

    Радев минатата недела ја повика бугарската влада да преземе мерки против дискриминацијата на етничките Бугари во Македонија и побара од бугарските институции да ги олеснат процедурите за добивање бугарско државјанство за, како што кажа, нивните сонародници од Македонија.

    Културниот центар „Иван Михајлов“ на 19 февруари јавно го објави писмото до бугарскиот врв, во кое бара поедноставување на процедурата за добивање бугарско државјанство за Македонците. 

    Радев стана бугарски претседател во 2017 година како кандидат на опозициската БСП и постојано го критикува премиерот Бојко Борисов, додека Борисов го обвинува Радев дека одработува за БСП во предизборната кампања.

    Парламентарните избори во Бугарија се закажани за 4 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира