РЕКОРДНИ 225 НОВИ БОЛНИ ОД КОВИД-19 ОД 1.694 ТЕСТОВИ, ПОЧИНАА УШТЕ 6 ПАЦИЕНТИ

    РЕКОРДНИ 225 НОВИ БОЛНИ ОД КОВИД-19 ОД 1.694 ТЕСТОВИ, ПОЧИНАА УШТЕ 6 ПАЦИЕНТИВо Скопје во моментов има активни 834 ковид болни, најмногу во земјава. (Фото: К. Попов)

    Во изминатото деноноќие се регистрирани 225 новозаболени од ковид-19 од 1.694 тестови, што е највисока бројка во земјава од почетокот на коронакризата. Според Министерството за здравство, најмногу нови случаи на ковид-19 има во Скопје-96 и во Кочани 17, па следат: Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1,  Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4.

    Во болнички услови починаа 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83 години), по еден од Прилеп (78), Тетово (63) и Битола (59).

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-10, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-4.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 18.363, оздравеа 15.164, починаа 749, а активни се 2.450. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 7.195, активни 834

    • Куманово 1.785, активни 182

    • Дебар 287, активни 32

    • Штип 1.269, активни 56

    • Прилеп 697, активни 126

    • Тетово 1.470, активни 150

    • Струга 676, активни 45

    • Велес 335, активни 36

    • Битола 322, активни 71

    • Охрид 432, активни 35

    • Кавадарци 247, активни 47

    • Гостивар 938, активни 83

    • Гевгелија 130, активни 42 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 272, активни 167

    • Крива Паланка 120, активни 34

    • Радовиш 90, активни 26

    • Крушево 20, активни 1

    • Кочани 392, активни 172

    • Пробиштип 116, активни 20

    • Демир Хисар 61, активни 2

    • Македонски Брод 93, активни 7

    • Пехчево 45, активни 4

    • Берово 114, активни 39

    • Валандово 39, активни 26

    • Виница 117, активни 28

    • Делчево 165, активни 82 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 26, активни 2

    • Свети Николе 359, активни 46

    • Кичево 332, активни 36

    • Ресен 164, активни 11

    • Неготино 55, активни 8 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.694 теста се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-333, Биотек-138, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со ПЦР метода -156, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-74 Инфективна клиника-4, ГАК-14, Синлаб-27, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 59

    • Гази Баба – 100

    • Аеродром – 141

    • Карпош – 111

    • Центар – 127

    • Кисела Вода – 95

    • Ѓорче Петров – 59

    • Бутел – 29

    • Шуто Оризари – 18

    • Студеничани – 8

    • Сарај – 14

    • Арачиново – 6

    • Илинден – 33

    • Сопиште – 3

    • Чучер Сандево – 6

    • Петровец – 5

    • Зелениково – 3

    • Странец – 12

    • Нераспределен-5

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира