САД И ИРАН ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА И ПОВТОРНО ОТВОРАЊЕ НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ

    САД И ИРАН ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА И ПОВТОРНО ОТВОРАЊЕ НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦТрамп рече дека Ормускиот Теснец ќе се отвори в петок (Фото: АП)

    САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и повторно отворање на Ормускиот Теснец, прелиминарен договор што ги намали цените на нафтата, но не ја реши судбината на иранската нуклеарна програма. Иако ова е само рамка, договорот е најголемиот напредок во решавањето на конфликтот во кој загинаа илјадници луѓе и кој предизвика потреси на енергетските пазари откако започна со заедничките напади на САД и Израел врз Иран на 28 февруари.

    Договорот со Исламската Република Иран сега е довршен“, напиша Доналд Трамп на својата платформа Трут соушл.

    Неговата објава дојде кратко откако пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф кажа дека е постигнат договор. Меморандумот за разбирање треба официјално да се потпише в петок во Швајцарија. Точните услови од договорот не беа веднаш познати. Шариф кажа дека тој повикува на итно и трајно прекинување на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан.

    Секретаријатот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека војната и воените операции на сите фронтови ќе завршат трајно, почнувајќи од понеделник навечер. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека ќе се преговара за поширок договор за време на 60-дневниот прекин на огнот, вклучително и за олеснување на санкциите за Иран и за судбината на неговата нуклеарна програма.

    Израел само коментираше дека не е страна во разговорите помеѓу САД и Иран.

    Трамп рече дека Ормускиот Теснец ќе се отвори в петок и дека наредил укинување на американската блокада на иранските пристаништа.

    Бродовите на светот, вклучете ги моторите! Нека потече нафта!”, кажа Трамп.

    Цените на суровата нафта брент паднаа за 4% на почетокот на тргувањето денеска, додека берзите во Азија скокнаа.

    Договорот беше објавен и покрај израелскиот напад врз Либан во неделата, што предизвика критики и од Иран и од Трамп. Израел изјави дека ќе ја задржи слободата на воени операции во Либан, додека Иран инсистира на целосен прекин на огнот во регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира