ТРИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ ЗГРУТЧУВАЊЕ НА КРВТА ОД 1 ЈУЛИ СЕ СО РЕЦЕПТ И ДОПЛАТА, БАРАЊА ЗА РЕФУНДАЦИЈА ЌЕ СЕ ПРИМААТ ДО 15 ЈУЛИ

    ТРИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ ЗГРУТЧУВАЊЕ НА КРВТА ОД 1 ЈУЛИ СЕ СО РЕЦЕПТ И ДОПЛАТА, БАРАЊА ЗА РЕФУНДАЦИЈА ЌЕ СЕ ПРИМААТ ДО 15 ЈУЛИКлековски кажа дека поради инертноста на аптеките, од 1 до 15 јули ќе прифаќаат рефундации за антикоагулансите. (Фото: К. Попов)

    Од 1 јули на позитивната листа на лекови се ставени три нови антикоагулантни лекови позитивната листа: „еноксапарин“, „надопарин“ и „ривароксабан“,  кои се достапни сега во аптеките, кажа денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски.

    „За ‘еноксапаринот’ се достапни два бренда, кај ‘надопаринот’ е достапен еден бренд и кај ‘ривароксабанот’ во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Што ќе значи ова? Првите два антикоагулантни лекови беа достапни со рефундација. Отсега понатаму ќе бидат достапни на позитивна листа со рецепт од специјалист. Овие два антикоагуланти се во рангот од 1.100 до 2.700 денари, ценовен ранг во зависност од дозажата и големината на терапијата, сега ќе бидат достапни за партиципација со 160 до 240 денари и еден од брендовите ќе биде достапен без доплата. Ова мора да го нагласам, значи едниот бренд ќе биде без доплата, вториот бренд ќе биде со доплата, меѓутоа осигурениците имаат можност да изберат и има лек без доплата. Ова ќе значи дека овој лек ќе биде достапен за само за партиципација со 100 од 160 до 240 денари во зависност од дозажата на лекот. Третиот антикоагулант, ‘ривароксабинот’, е за првпат на позитивна листа. Тој досега се движеше во рангот од  2.000 до 2.200 денари. Сега ќе биде достапен за партиципација од 160 денари. Во почетниот период ќе има доплата од 105 до 505 денари во зависност од дозажата и бројот на таблети. Во најчесто користената дозажа, тоа се 10 милиграма по 30 таблети, заштедата на граѓаните ќе биде 1.752 денари. ​Од 1 јануари 2027 овај лек ќе биде достапен без доплата, само со партиципација“, кажа Клековски на прес-конференција во Владата.

    Клековски додаде дека поради инертноста на аптеките, од 1 до 15 јули во Фондот ќе прифаќаат рефундации за антикоагулансите.

    Зборувајќи за „клексаните“ , Клековски рече се користат за проблеми во бременоста и дека во користењето на овие лекови „имаме состојба слична како на опсегот пред ‘Безбеден град’“.

    „Малку е прекумерна и претерана употребата на лекови, и тоа ќе мора да се стави во малку построга рамка за кои се индикационите податоци каде што може да се препишува. Меѓутоа, повторно конечната одлука, а врз основа на индикациите, е на лекар-специјалист. Лекарот-специјалист одлучува дали лекот ќе биде препишан или не. За ‘еноксапаринот’ и ‘надропаринот’, тој ќе биде сѐ уште достапен во болничко лекување бидејќи е лек што се  користи во болнички услови и ќе се користи сега за продолжено болничко лекување, условно да кажам во домашни услови“, кажа Клековски.

    Овие лекови уште лани беа најaвeни дека ќе бидат ставени на позитивнaта листа до 1 јануари 2026, но одложувањето беше од административни причини.

    Клековски е кандидат за нов министер за здравство, на местото на Азир Алиу. На прес-конференцијата најави дека ќе треба со новиот директор на Фондот за здравство, а предложен е министерот за локална самоуправа Златко Перински, ќе работат на усогласување за следните лекови на позитивна листа, меѓу кои ќе има за хронична опструктивна болест, за астма, за синдромот на хронична бубрежна инсуфициенција, дијабетeс, срцеви слабости.

    Новите 8 министри со реконструкцијата на Владата Собранието ќе ги бира на 13 јули.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира