УСПЕХ Е И ТОА ШТО СЕДНАВМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, КАЖА ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО ЈАНЕВ ВО СОФИЈА

    УСПЕХ Е И ТОА ШТО СЕДНАВМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, КАЖА ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО ЈАНЕВ ВО СОФИЈАБугарскиот технички премиер Јанев рече дека на средбата имало добра атмосфера и дека политичарите треба да понесат одговорност и да најдат решение. - Од заедничката прес-конференција во Софија (Фото: А. Антевска)

    Од Софија за САКАМДАКАЖАМ.МК: Ана Антевска

    Премиерот Зоран Заев и техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев договорија да продолжат разговорите на политичко ниво за да се најде решение за спорот. Двајцата кажаа дека решение е можно и дека тоа треба да го изнајдат политичарите.

    „Прашањата не се нерешливи. И самото тоа што сме тука и седнавме да разговараме е успех и исчекор во изнаоѓање на решение во спорот. Ќе останеме и на вечера, заедно ќе го гледаме и фудбалскиот натпревар на нашата репрезентација на Европското првенство. Апелирам Бугарија да продолжи да ѝ помага на Македонија и на братскиот народ. Апелирам македонскиот и бугарскиот народ да го поддржат процесот оти станува збор за иднината на нашите деца. Историјата е важна но поважна е иднината на идните но и сегашните генерации. Верувам дека одлуки се можни не се нерешливе прашањата”, кажа Заев на заедничката прес-конференција.

    Бугарскиот технички премиер Јанев рече дека на средбата имало добра атмосфера и дека политичарите треба да понесат одговорност и да најдат решение.

    „Ние правиме сè што е возможно за да најдеме решение во најкус рок, на што се надевам дека ќе се случи“, рече Јанев.

    Прашан за коментар за изјавата на експремиерот Бојко Борисов дека само лажат дека ништо не можат да направат, Јанев одговори дека тие биле на власт изминативе години и праша зошто не нашле решение за спорот.

    Заев попладнево ќе има средба и со бугарскиот претседател Румен Радев.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира