Со одлука што ја изгласала на седница на 14 јули, Владата зема заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ).
Тројцата директори, Владимир Ристески (претседател нa Управнит одбор на М-НАВ), Милан Кораќ и Фатмир Зимбери, на 17 јули ја потпишале одлуката за одобрување на краткорочна позајмица. Таа треба да се врати до 30 ноември 2026.
Средствата се позајмуваат без камата.
Со оглед на тоа дека М-НАВ не позајмува пари, бидејќи нејзините средства се строго наменски и мора да се трошат само за потребите на претпријатието, но и поради тоа дека за секој инвестиција мора да биде известен Еуроконтрол, го побаравме директорот Ристески за одговори околу овие прашања.
Но, тој не одговори на телефонскиот повик. Остана неодговорено и дали за позајмувањето пари е известена и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од каде што М-НАВ има земено кредит за опремување и модернизација.
Ден откако Владата ја донела одлуката, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) испратило барање до М-НАВ за одобрување краткорочна позајмица зашто, всушност, пари му требалe на ова претпријатие.
С. К. ДЕЛЕВСКА



