ВО 10 НЕОБЈАВЕНИ БОМБИ ЗА „ТРУСТ“, СЕАД КОЧАН Е „ИБИЦА“ И „ШПАНЕЦОТ“, А ГОРАН ИВАНОВ – ЅИНГО Е „ТЕЛЕВИЗОРОТ“ И „ДЕБЕЛИОТ“

    ВО 10 НЕОБЈАВЕНИ БОМБИ ЗА „ТРУСТ“, СЕАД КОЧАН Е „ИБИЦА“ И „ШПАНЕЦОТ“, А ГОРАН ИВАНОВ – ЅИНГО Е „ТЕЛЕВИЗОРОТ“ И „ДЕБЕЛИОТ“„Труст“ е предмет за злоупотреба и фалсификување на податоци за тендер на ЕЛЕМ за ископ на јаглен за РЕК Битола. - Обвинетиот Сеад Кочан на претходно рочиште во Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Во дополнителна доказна постапка за случајот на СЈО „Труст“, каде првообвинет за нелегален тендер од 17 милиони евра е бизнисменот Сеад Кочан, во Кривичниот суд утринава беа објавени 10 нови бомби.

    Во разговорите главно меѓу генералниот секретар на владата Кирил Божиновски и директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски, тие мака мачат што Кочан, но и „Силекс неметали“ не ги исполнуваат условите, па се состанчи Кирил со нив во Владата, за да ги здружат и да победат на тој тендер.

    „Овие двете големи компании ќе си одат сами, а овие тројцава, ќе ги здружиме. Ако се појави некој поевтин, ќе го попапаат. Но ако не добие дебелиот, ние ќе изгубиме“, анализира Божиновски пред Чинговски. СЈО појасни дека „дебелиот“ е Горан Иванов, сопственик на „Силекс неметали“, чиј управител е Василије Авировиќ, второобвинет.

    Двајцата се договараат како машините што ги имал Кочан под наем, ќе ги уважат во постапката како негови. А тоа што од 27 камиони имал само 20, ќе му прогледаат низ прсти, зашто тие 7 биле слични на тие што се барале во тендерските услови.

    „А за цената да не зборуваме по телефон, може не слушаат“, му вели Чинговски на Божиновски.

    Тие се договараат да не го зафркнат единствено телевизорот, за кој СЈО појасни дека е друга шифра за Иванов.

    „Шпанецот и да го заебеме, ќе го исфарбаме“, вели Божиновски.

    Чинговски признава дека „дебелиот“ и „ибицата“ исполнувале само 80 отсто од условите во тендерот, а немале ни финансиски извештаи.

    „Ако не, нека го уфрлат Рудкоп (н.з. третообвинетиот во Труст) и готово, сугерира Чинговски. Кога му се јавува Чинговски на Иванов, разговорот почнува со констатација на Иванов дека минатиот тендер добро го извеле.

    А за овој, Чинговски му вели: „Добро е, најевтини сте. Ама одбиените може да се жалат”.

    „Другите не смеат да се жалат. Ќе ги стегнеме. Гранит ли ќе се жали, ќе им ја ебеме мамата у пичка“, се заканува Иванов пред Чинговски.

    А тој му вика: „Мислам дека добро го тераме“.

    „Одлично“, вели Горан Иванов, син на Љубисав Иванов – Ѕинго.

    „Труст“ е предмет за злоупотреба и фалсификување на податоци за тендер на ЕЛЕМ за ископ на јаглен за РЕК Битола, со кој буџетот државната компанија ЕЛЕМ бил оштетен за 17 милиони евра буџетски пари.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира