ЗДРАВСТВЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ОТКРИ УШТЕ ЕДЕН ГИНЕКОЛОГ ВО СТРУГА ШТО ПРЕГЛЕДУВА ПАЦИЕНТКИ ДОМА НА ДИВО

    ЗДРАВСТВЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ОТКРИ УШТЕ ЕДЕН ГИНЕКОЛОГ ВО СТРУГА ШТО ПРЕГЛЕДУВА ПАЦИЕНТКИ ДОМА НА ДИВОКако што неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, по пријава на граѓани инспекторите влегле во куќата на која немало никаков знак дека во неа се наоѓа приватна ординација (Фото: СДК.МК)

    Државниот здравствен инспекторат во придружба на полицијата денеска влезе во уште една нерегистрирана гинеколошка ординација во Струга. Како што неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, по пријава на граѓани инспекторите влегле во куќата на која немало никаков знак дека во неа се наоѓа приватна ординација. Станува збор за докторка која е редовно вработена во Струшката болница, а прегледувала пациенти и дома.

    Докторката немала регистрирано приватна гинеколошка ординација и со тоа нема дозвола да прегледува пациентки надвор од работното место во Струшката болница.

    Ова е втор случај гинеколози од Струга да прегледуваат пациентки дома. Пред еден месец, инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат влегоа во куќата на директорот на Струшката болница и гинеколог д-р Мухамед Асани. Иако во домот инспекторите пронајдоа комплетно опремена гинеколошка ординација со чекална,  рецепти и гинеколошки стол, Асани не заработи никаква казна, ниту му беше одземена лиценцата за работа. Беше повикан само на разговор во Инспекторатот, каде кажал дека имал домашна ординација, но во неа не вршел прегледи.

    Случајот го пријави пациентка од Дебар, која при породувањето со царски рез кој го вршел Асани во струшката болница остана без матка, јајник и бубрег, а докторот целата бременост ѝ ја водел во дивата ординација дома.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира