ЏОС СТОУН ВО СКОПЈЕ СНИМИ ВИДЕО СО ТАНЧАРИТЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЏОС СТОУН ВО СКОПЈЕ СНИМИ ВИДЕО СО ТАНЧАРИТЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ

    Британската соул ѕвезда Џос Стоун, во Скопје сними видео со танчарите со Даунов синдром од танцовата трупа Дансерс јунајтед Македонија, кои се државни танцови прваци во повеќе категории. Стоун, која синоќа имаше концерт на Скопскиот џез фестивал што е во тек, пред настапот ја избра Дансерс јунајтед за да ја промовира на својата веб страница. Таа вакви промотивни видеа снима со хуманитарни групи во секоја земја каде што настапува.

    „Танчарите од нашата група танцуваа пред Џос со своите кореографии и таа беше воодушевена од нив и од нивната енергија, приказна и работа“, велат Сара и Нермин Кочан, под чие водство работи трупата, и додаваат дека видеото ќе излезе наскоро на сајтот на Стоун.

    Стоун вакви видеа снима со хуманитарни групи во секоја земја каде што настапува и ги промовира на нејзината веб страница

    Стоун вакви видеа снима со хуманитарни групи во секоја земја каде што настапува и ги промовира на нејзината веб страница

    Танцовиот клуб Дансерс јунајтед Македонија е специфичен по програмата наменета за лица со посебни потреби, а има програми за деца и возрасни, преку часови за латино и стандардни танци, латино фитнес програми, балет, хип хоп. Танчарите со Даунов синдром изминативе две години се државни прваци во соло категории, група и формација, а на 19 октомври ќе настапат и на Светското првенство за модерни танци во Грац, Австрија.

    Џос Стоун синоќа имаше концерт на Скопскиот џез фестивал што е во тек (Фото: Т. Ранташа за СДК.МК)

    Џос Стоун синоќа имаше концерт на Скопскиот џез фестивал што е во тек

    Тие досега танцуваа со танчари со Даунов синдром од две танцови компании од Англија. Учествуваат на инклузивни фестивали организирани  од Дансерс јунајтед, годинава и на фестивал организиран од Британската амбасада во Македонија.

    „Танцот се покажа како одлична алатка за инклузија на овие лица во нашето секојдневие“, вели Сара Кочан која е и претседателка на Пара-танц на Република Македонија при Македонската асоцијација за модерни танци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира