ПО ОТКРИТИЕТО ДЕКА ДЕЦАТА ГИ РЕСОЦИЈАЛИЗИРАЛЕ СО ДИЈАЗАПАМ И ХЕЛЕКС, ИТНА ВОНРЕДНА КОНТРОЛА ВО ПОПРАВНИОТ ДОМ „ТЕТОВО“

ПО ОТКРИТИЕТО ДЕКА ДЕЦАТА ГИ РЕСОЦИЈАЛИЗИРАЛЕ СО ДИЈАЗАПАМ И ХЕЛЕКС, ИТНА ВОНРЕДНА КОНТРОЛА ВО ПОПРАВНИОТ ДОМ „ТЕТОВО“„Впечаток е дека поради јаките дози од терапијата која ја примаат, повеќето од нив немаат јасен фокус, делуваат отсутно и незаинтересирано за околината“, вели заменичката на Омбудсманот Васка Бајрамовска-Мустафа. - Шкафчето во кое се чуваат лековите во Воспитно-поправниот дом „Тетово“. (Фото: Народен правобранител)

„По објавената вест на порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, директорот на Управата за извршување на санкциите Јовица Стојановиќ изврши итен вонреден надзор во установата во Охрид каде се сместени штитениците од Воспитно-поправниот дом „Тетово“, но и малолетниците од Малолетничкиот затвор (осудени малолетни лица на казна затвор)“, соопшти вечерва Управата за извршување санкции.

Во „Тетово“ Народниот правобранител при последната контрола ги затекнал сите 16 штитеници под силна терапија со дијазепам, хелекс и други антидепресиви и лекарства за психички растројства.

Според нашите информации од ВП Дом „Тетово“ кој времено е сместен во Охридскиот малолетнички затвор, директорот Стојановиќ сè уште е во Установата и разговара со децата и воспитувачите.

„Децата не беа фокусирани, само седеа, им се спиеше. Сите беа под силна доза од 5 до 20 милиграми дијазапам, хелекс и други лекарства што им ги препишал психијатар“, ни изјави вчера Заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

„Управата за извршување на санкциите издаде наредба со која се упатуваат дополнителен број на вработени од Секторот за ресоцијализација во Воспитно-поправниот дом ‘Тетово’ да работат заедно со штитениците.
Дополнителни информации по однос на исполнетоста на препораките на Народниот правобранител и состојбите со штитениците во ВПУ ‘Тетово’, Управата за извршување на санкциите ќе ги соопшти во текот на утрешниот ден“, соопшти вечерва Управата за извршување санкции.

С. К. ДЕЛЕВСКА


 

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира