КЉУСЕВ И МИЈАЛКОВ МИ РЕКОА ТАЈНО ДА ГИ ВРАТАМ ВОЈНИЦИТЕ ОД ХРВАТСКА, ВЕЛИ ВАЊА БИТОЉАНУ, ДИРЕКТОР НА ПАЛЕР МАКЕДОНИЈА

    КЉУСЕВ И МИЈАЛКОВ МИ РЕКОА ТАЈНО ДА ГИ ВРАТАМ ВОЈНИЦИТЕ ОД ХРВАТСКА, ВЕЛИ ВАЊА БИТОЉАНУ, ДИРЕКТОР НА ПАЛЕР МАКЕДОНИЈАВања Битољану, тогашен директор на првата македонска авиокомпанија „Палер Македонија“, формирана само неколку месеци пред осамостојувањето на Македонија за САКАМДАКАЖАМ.МК раскажува како беа спасени македонските војници кои беа заробени во касарните кога почнаа воените дејствија на самостојната хрватска држава против единиците на Југословенската Народна Армија (ЈНА) - (Фото: СДК.МК и архива на Палер Македонија)

    25god

     

     

    Со сеќавањата на Вања Битољану, директорот на првата македонска авиокомпанија „Палер Македонија“, САКАМДАКАЖАМ.МК ја продолжува серијата прилози посветени на 25-годишнината од осамостојувањето на Македонија.

    Најстрого чуваната тајна од периодот на осамостојувањето на Македонија за извлекувањето на македонските војници од Хрватска, 25 години подоцна е јавна. Вања Битољану, тогашен директор на првата македонска авиокомпанија „Палер Македонија“, формирана само неколку месеци пред осамостојувањето на Македонија за САКАМДАКАЖАМ.МК раскажува како беа спасени македонските војници кои беа заробени во касарните кога почнаа воените дејствија на самостојната хрватска држава против единиците на Југословенската Народна Армија (ЈНА).

    Во периодот кога во Сплит, Хрватска беше убиен македонскиот војник Сашко Гешовски, под притисок на мајките кои со солзи упаднаа во Парламентот и побараа власта да најде начин да ги врати дома живи и здрави останатите, државниот врв решил да организира тајна мисија.

    Првиот авион на „Палер Македонија“ со кој од Хрватска преку Унгарија беа извлечени триесетина македонски војници од ЈНА што беа декларирани како туристи од Будимпешта за Охрид (фотографијата е снимена на Белградскииот аеродром во ноември 1991 година)

    Првиот авион на „Палер Македонија“ со кој од Хрватска преку Унгарија беа извлечени триесетина македонски војници од ЈНА што беа декларирани како туристи од Будимпешта за Охрид (фотографијата е снимена на Белградскииот аеродром во октомври 1991 година)

    Во тоа време во Хрватска, во тек беше процесот на отцепување од Југославија, па Југословенската народна армија (ЈНА) се сметаше за окупациска сила. Поради тоа кога македонските војници дезертираа од ЈНА, не наидоа на линч туку властите во Загреб ги прифатија. Борис Змејковски, тогаш висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ користејќи ги врските со ХДЗ на Фрањо Туѓман, со објаснување дека војниците нема како безбедно да се вратат дома, успева да издејствува војниците од Загреб да бидат префрлени преку граница, во Унгарија. Тогаш државниот врв на Македонија побарал помош од првата македонска авиокомпанија да ги довезе некако војниците од Будимпешта.

    „Ме викна Никола Кљусев, тогаш премиер, на состанок. Отидов, во старата зграда на Влада, а таму ме чекаше тој, заедно со Јордан Мијалков, тогаш министер за внатрешни работи. Кљусев збруваше, ние двајцата молчевме. Ми рече дека морам итно и многу тајно да ги пренесам војниците. Ми кажа дека тие ќе бидат во Будимпешта и уште еднаш ми нагласи дека никој не треба да дознае. Мијалков беше на состанокот за да ми биде поддршка ако нешто ми притреба“, вели Битољану.

    Извлкувањето веднаш било организирано. Битољану вели дека испратиле барање за летот во Белград во Сојузната управа за цивилна и водушна пловидба со лажни податоци.

    „Пријавивме дека ќе превезуваме туристичка група. За да не биде сомнително, пријавивме дека ќе летаме со групата од Будимпешта до Охрид и повратно назад до Будимпешта и намарно баравме летот да биде ноќе“, се сеќава Битољану.

    „По три дена ми се јавија од Белград. Ме прашаа кого сме возеле. Им реков дека немам поим и дека како директор на авиокомпанија не морам да ги познавам патниците“, раскажува Битољану (Фото: Ѓ. Личовски)

    „По три дена ми се јавија од Белград. Ме прашаа кого сме возеле. Им реков дека немам поим и дека како директор на авиокомпанија не морам да ги познавам патниците“, раскажува Битољану (Фото: Ѓ. Личовски)

    По војниците одлетал авион на „Палер Македонија“, изнајмен од бугарската компанија „Балкан“. Станува збор за турбопропелерски „антонов АН-24“ од советско производство. Пилотот и копилотот биле исто како и авионот од Бугарија, а стјуардесите биле од Македонија.

    „И екипажот во авионот не знаеше за што се работи. Не им кажавме. Тие секако ги видоа војниците кога влегоа во авионот во Будимпешта, но не знаеја дека се во мисија за нивно извлекување. Беа околу триесеттина. Слетаа на аеродромот во Охрид оти ем глумевме дека носиме туристи, ем беше премногу ризично да се слета на Скопскиот аеродром. Скопскиот аеродром беше голама база военото воздухопловство на ЈНА, па шансите некој да ја открие операцијата беа големи“, вели Битољану.

    Со авионите на првата македонска авиокомпанија беа евакуирани и бегалци од Босна и Херцеговина. Последниот лет од аеродромот во Сараево во 1992 година беше токму на „Палер Македонија“ - исечок од ин-флајт ревијата на компанијата од 1992 година

    Со авионите на првата македонска авиокомпанија беа евакуирани и бегалци од Босна и Херцеговина. Последниот лет од аеродромот во Сараево во 1992 година беше токму на „Палер Македонија“ – исечок од ин-флајт ревијата на компанијата од 1992 година

    Целата операција Битољану ја доживеал како голем стрес. Постоела можност во секој момент некој да открие дека се превезуваат воени дезертери и да го приземји авионот. И покрај успешната мисија за извлекување на војниците, сепак се јавил сомнеж кај југословенските воздухопловни власти.

    „По три дена ми се јавија од Белград. Ме прашаа кого сме возеле. Им реков дека немам поим и дека како директор на авиокомпанија не морам да ги познавам патниците“, раскажува Битољану.

    Со распадот на Југославија и референдумот за осамостојување почна и златното време за компанијата „Палер Македонија“, која на некој начин беше превесник на независната држава. Поради војните кои ги водеше Милошевиќ, ЈАТ беше под санкции, авионите му беа приземјени, па единствената врска со светот на Македонија, јужна Србија и Косово беше „Палер“ и Скопскиот аеродром. Бизнис патувањата, помошта која од сите страни стигнувала, лековите, каргото – се одеше преку првата македонска авиокомпанија.

    palair-frankfurt-1994

    Поради политички несогласувања со тогашната владејачка гарнитура, кога премиер беше Бранко Црвенковски, „Палер Македонија“ беше спречена да работи нормално и компанијата престана да лета во октомври 1996 година („фокер 100“ на Палер на аеродромот во Франкфурт 1994 година)

    „’Палер’ го направи и последниот лет од Сараевскиот аеродром пред да биде затворен, на почетокот на војната. Тоа беше страшно за гледање. Ние по неколкупати на ден летавме за Сараево, ги пренесувавме бегалците и се погоди токму по полетувањето на нашиот авион целосно да се затвори аеродромот оти војната веќе се разгоруваше. Луѓето воопшто не прашуваа каде оди авионот, само гледаа да влезат во него, да се спасат. На последното полетување некој пукаше во авионот, но не го оштети. Тоа беше последниот лет од аеродромот Бутмир во 1992 година“, вели Битољану.

    Грб на компанијата „Палер“, кој го имаше на сите авиони беше двоопашест лав. Битољану и денес со гордост вели дека го одбрал лавот по сугестија на неговиот пријател, академикот Александар Матовски. Тој како хералдичар му рекол дека во македонскиот земски грб лавот има две опашки. Дизајнот на лавот и логото на компанијата го изработил професорот Мирослав Грчев.

    Со овие ознаки и со црвено-жолтата комбинација на авионите, првата македонска компанијата во првите години од независноста леташе до 18 дестинации низ Европа. Поради политички несогласувања со тогашната владејачка гарнитура, кога премиер беше Бранко Црвенковски, „Палер Македонија“ беше спречена да работи нормално и компанијата престана да лета во октомври 1996 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира