„ЛАРОНДИНА“ ЌЕ ПОКАЖЕ ШТО СÈ МОЖАТ ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, А НЕ ШТО НЕ МОЖАТ

    „ЛАРОНДИНА“ ЌЕ ПОКАЖЕ ШТО СÈ МОЖАТ ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, А НЕ ШТО НЕ МОЖАТОд ланскиот прием во чест на „Ларондина“ во резиденцијата на британскиот амбасадор Чарлс Гарет во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Десетмина танчари на британската танцова група за лица со попреченост „Ларондина“ од четврток до вторник, по втор пат ќе настапат во Скопје и во Битола. Според агендата, „Ларондина“ ќе настапи в петок во 18 часот во Народниот театар на Битола, а в сабота во 18 часот во ТВ 21 (просторот на поранешното скопско кино „Вардар“ ).

    Компанијата „Ларондина“ е основана пред 21 година од Анџелина Алесендре. Таа е поранешна балерина, а пред компанијата, го основала и училиштето за танц на лица со попреченост „Алесендре“.

    Танчарите, како и лани, во Скопје ќе дојдат заедно со нивните родители, а настанот го организира Британската амбасада во Скопје. Годинава, нивни партнери во организирање на работилниците и предавањата се Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби и Хелсиншкиот комитет во Скопје.

    „Сакаме да покажеме што се можат лицата со посебни потреби, а не што не можат “, вели сопругата на британскиот амбасадор, Вероник Гарет.

    Танчарите играат на поп, хип-хоп, на хитови, на музика која е популарна за сите видови на возрасти. За време на посетата, покрај претставите најавени се и неколку работилници за правата на лицата со посебни потреби, со акцент на нивните можности, наспроти ограничувањата, во повеќе училишта во Скопје и во Битола.

    На работилниците ќе се третираат теми како сексуални и репродуктивни права на лицата со посебни потреби, на нивната вклученост во општеството, а посебен акцент ќе се даде и на односот на родителите на лицата со попреченост.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира