АРХИВСКА ВИДЕО СНИМКА ОД ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА НЕЗАВИСНОСТА НА 8 СЕПТЕМВРИ 1991 ГОДИНА

    Над 95 отсто од граѓаните кои излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година одговорија позитивно на прашањето „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија” и уште вечерта околу полноќ на централниот плоштад во Скопје се одржа прослава, на која претседателот Киро Глигоров прогласи независност на Република Македонија.

    Централен момент на спонтаната прослава, со набрзина поставени бина и озвучување, беше наздравувањето со шампањско, кое, со малку проблеми и суфлирање од Глигоров „Притисни малку“, го отвори премиерот Никола Кљусев. Покрај Глигоров и Кљусев, на бината, меѓу другите, беа качени министрите Блаже Ристовски, Јован Андонов, Јордан Мијалков, Столе Трајановски, Ѓорѓи Наумов, Ѓорѓи Ефремов, Илија Андонов Ченто и тогашниот потпретседател на претседателот на Република Македонија Љубчо Георгиевски.

    Одлуката на граѓаните со огромно мнозинство да изберат осамостојување од поранешната СФРЈ, беше формално потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира