СЕЧА НА 50-ГОДИШНИ ДРВЈА, УРИВАЊЕ КУЌИ И ИЗГРАДБА НА НОВИ ЗГРАДИ ПОВТОРНО ГО КРЕНАА АЕРОДРОМ НА НОЗЕ 

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕЧА НА 50-ГОДИШНИ ДРВЈА, УРИВАЊЕ КУЌИ И ИЗГРАДБА НА НОВИ ЗГРАДИ ПОВТОРНО ГО КРЕНАА АЕРОДРОМ НА НОЗЕ 

    Јавната презентација на Деталниот урбанистички план за градска четврт И 10 во Општина Ародром, уште еднаш ги подели жителите на гласна група која го поддржува планот и уште погласна група која се бори да се намали катноста и да се заштити постојното зеленило.  Двете групи вчера се судрија во тесното сопче на Урбаната заедница Острово во Аеродром, каде „Билд урбан“ се обиде да ги презентира измените на планот кој еднаш беше пред граѓаните во март годинава, но беше вратен на доработка поради бројните забелешки од жителите. Општинарите прифатиле само неколку од неколку стотиците забелешки на планот кој се однесува на делот покрај Вардар од Железничка станица до Мајчин дом и предвидува низа нови објекти поради кои се одзема од зеленилото, како и сервисни улици и паркинзи во служба на новите објекти.

    Две четирикатници се предвидени на местото на субстандардните објекти веднаш до Железничка станица и уште еден објект во иста линија со „Капитол“ покрај булеварот Јане Сандански, паралелно со Мајчин дом. Прифатени се забелешките за пристапните улици кои минуваат на зелена површина и подземното паркиралиште во близина на Мајчин дом. Нив ги нема во доработениот план, но и сегашните понудени решенија во планот ги разбеснија жителите кои, бараа објаснувања зошто планот не е одраз на нивните потреби, на што не добија одговор.

    „Објаснете по кои правила се раководите кога на приватна парцела предвидувате парк, а на парцелите во сопственост на државата предвидувате згради? Чии интереси штитите во овој случај и зошто планот не го правите според потребите на нас жителите? Сте превиделе улица да минува низ единствената приватна парцела покрај Вардар, на која веќе има изградено објект. Се работи за приватна сопственост, како очекувате да добиете согласност да ја урнете куќата“, праша еден од присутните жители на презентацијата.

    Од планерите доби кусо објаснување дека не знаеле дека во тој дел има приватна парцела. На сите прашања од жителите што следуваа по ваквиот одговор планерките одговараа „поднесете писмена забелешка“.

    Претходно прифатените забелешки ги нема во доработениот план, но и сегашните понудени решенија во планот ги разбеснија жителите кои, бараа објаснувања зошто планот не е одраз на нивните потреби, на што не добија одговор

    Претходно прифатените забелешки ги нема во доработениот план, но и сегашните понудени решенија во планот ги разбеснија жителите кои, бараа објаснувања зошто планот не е одраз на нивните потреби, на што не добија одговор

    Немаа објаснување ниту на прашањата зошто не воделе сметка дека за да се изгради еден од новите паркинзи треба да се исечат десетици педесетгодишни дрвја, исто како и за една од новите улици поради која ќе снема најмалку десет од сегашните дрвја.

    Планерките место да објаснат зошто понудиле такви решенија десттина минути по почетоктот на презентацијата, откако неколку пати повторија дека многу од решенијата се на барање на Општината и дека тие не знаат како да одговорат на бројните прашања, почнаа само да мафтаат со главите и да креваат раменици на секое прашање. Тоа испровоцира жителите да побараат презентацијата да ја прави некој што е поинформиран, а презентерките на планот пак побараа да се исклучат камерите и да не се снима јавната презентација.

    На еден од новинарите му беше одземен, па вратен телефонот со кој снимаше оти ја сврте камерата кон група жители кои во еден момент почнаа да се расправаат со друга група, која бараше да се води сметка за катноста на објектите и за зеленилото оти во Аеродром не се дише.

    „Вие сакате да дишете, а ние сакаме да бидеме згрижени. Што ви пречи ако се изградат два објекта од по три ката и приземје“, на сиот глас прашуваа жителите од групата која го поддржува планот.

    Оние кои не можеа да влезат во просторијата, од надвор дофрлаа на луѓето внатре, а многумина кавгата која ја почнуваа внатре, ја завршуваа надвор од просториите на Урбаната заедница.

    Планот ќе биде на јавна расправа до 1 декември, рок до кој можат да се поднесат забелешки за планот.

    М. И. ПАЧЕМСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира