ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ ЗАБРАНИ ОСУДЕНИЧКИ ДА ДАВААТ ЛЕКОВИ И МЕТАДОН, ПО РЕАКЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНОТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ ЗАБРАНИ ОСУДЕНИЧКИ ДА ДАВААТ ЛЕКОВИ И МЕТАДОН, ПО РЕАКЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНОТ

Затворот „Идризово“ забрани осуденички да ја делат дневната терапија со таблети и со метадон, по интервенцијата на Народниот правобранител Иџет Мемети. Омбудсманот на 20 јули реагираше на тоа што веќе една година во женскиот оддел во затворот Идризово терапијата ја делеше осудена шверцерка на кокаин, а замена ѝ беше друга осуденичка за убиство. Одлуката за забрана ја донел директорот на затворот „Идризово“ Живко Пејковски на 26 октомври.

Според наредбата на Пејковски, исклучиво припадничките на затворската полиција ќе имаат пристап до претходно подготвената дневна или редовна неделна терапија. Таблетите ќе се делат на дневна основа, строго според упатства дадени од лекарот.

Како што објави САКАМДАКАЖАМ.МК на 26 август, Народниот правобранител за делењето на терапијата во женскиот оддел во затворот Идризово дознал од анонимни претставки на затвореничките.

ОСУДЕНА ШВЕРЦЕРКА НА КОКАИН ГИ ЛЕКУВА ЗАТВОРЕНИЧКИТЕ ВО ИДРИЗОВО

Тие се пожалиле дека место лекарката, медицинската сестра или други службени лица во установата, апчињата им ги давала осуденичката, која првин ги толчела во прав, правела и коктели со апчињата, а потоа им ги давала на затвореничките. Кога недостасувале таблетите што требало да ги земаат, двете затворенички во улога на лекарки вршеле замена на лекарствата. Според анонимните претставки кои стигнале до Народниот правобранител, истата таа осуденичка за дрога, во случаи на полесни повреди, им правела и преврски.

“Народниот правобранител е известен дека во затворот ‘Идризово’ се преземени мерки со кои се регулира диструбуцијата и делењето на лекарствата за дневен тераписки третман, како и за ординарана терапија на осудените лица со хронични здравствени проблеми на кои им е неопходна континуирана терапија, според претходна перскрипција од страна на домскиот лекар или лекар-специјалист. Нашата препорака се однесуваше на начинот на подготвување и делење на терапијата, и давањето на здравствените услуги од примарното и секундарното здравство на осуденичките, по што од страна на казнено-поправниот дом добивме известување дека се прифаќа препораката и дека се преземени мерки за правилен тераписки третман и здравствена заштита на овие лица“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Заменик- Народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа, која го водеше овој случај.

Заменикот Народен правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа го водеше овој случај

Заменикот Народен правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа го водеше овој случај

Во тој контекст, вели таа, директорот на КПД „Идризово“ издал наредба со која се наложува здравствени прегледи на осуденичките да врши лекар, во амбулантата во женскиот оддел, најмалку еднаш во неделата. Според наредбата, во случај на потреба од дополнителни лекарски прегледи надвор од термините дефинирани со месечен распоред за работење на лекарската служба, тие ќе се извршат со претходно координирање на службите од затворската полиција и здравствената служба.

“Прегледите на осуденичките ќе ги врши матичен лекар кој е одговорен за давање здравствени услуги од доменот на примарната здравствена заштита. При прием на ново осудено лице, лекарот е обврзан да реализира систематски здравствен преглед во рок од 24 часа. Домскиот психијатар ќе ординира во женското одделение секој понеделник“, вели Бајрамовска – Мустафа за промените што се воведуваат во здравствениот систем во женскиот оддел во „Идризово“, по интервенцијата на Омбудсманот.

Поради лошиот и нефункционален систем на здравствена заштита во затворите, за што со години алармира Народниот правобранител, тој најавува дека и натаму ќе ја следи состојбата во КПД „Идризово“ и исполнувањето на наредбата на директорот Пејковски.

По анонимната претставка од затворенички, Народниот правобранител за злоупотребите веднаш ја имаше известено и Управата за извршување на санкциите, од која побарал да изврши контрола на тврдењата на затвореничките, а Управата ургентно постапила. Според Записникот од вонредниот стручен надзор на Управата, таа во целост ги потврдила наводите на осуденичките за незадоволството од здравствената служба на затворот.

Поради лошиот и нефункционален систем на здравствена заштита во затворите, за што со години алармира Народниот правобранител, тој најавува дека и натаму ќе ја следи состојбата во КПД „Идризово“ (Фото: Ѓ. Личовски)

Поради лошиот и нефункционален систем на здравствена заштита во затворите, за што со години алармира Народниот правобранител, тој најавува дека и натаму ќе ја следи состојбата во КПД „Идризово“ (Фото: Ѓ. Личовски)

Народниот правобранител бара да се спроведе здравствената реформа во казнено – поправните установи во Македонија и во Воспитно-поправниот дом „Тетово“, која пред три години е влезена во Законот за извршување на санкциите, но не е спроведена. Таа во машкото одделение во затворот „Идризово“, но и во сите останати затвори во Македонија и во ВП домот „Тетово“, треба да изгледа како таа што сега се планира да се спроведе во женскиот оддел во „Идризово“, по интервенцијата на Омбудсманот.

Минатиот месец починаа два затвореника во најголемиот затвор „Идризово“, кој брои 1.950 затвореници во моментов, има само еден лекар, нема втора и ноќна смена лекарско дежурство. Лани во септември во „Идризово“ почина 25-годишен осуденик, а годинава во Ургентниот центар на Скопските клиники осудено лице на 29-годишна возраст. Неславен рекорд држи септември, 2014 година, кога за две недели во затворот Идризово починаа тројца болни затвореници.

Народниот правобранител изјави дека ако по обдукцијата на последните два починати затвореника се утврди лекарска негрижа или немање лекарска заштита, ќе бара кривична одговорност од тој што не ја спровел здравствената реформа, поточно од Министерствоот за здравство.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира