ЖРТВИТЕ ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО НЕМА КАЈ ДА СЕ СКРИЈАТ ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

a:3:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:11:"td_subtitle";s:462:"ЦентаротзаправнапомошвоТетовоеединственотоместокадежртвитенапсихичко,физичко,сексуалноиекономсконасилствоодзападниотделнаМакедонијаможатдасеобрататзапомош,ноосвенбесплатнаправнапомошнеможедаимпонудидругвидзаштита";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

ЖРТВИТЕ ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО НЕМА КАЈ ДА СЕ СКРИЈАТ ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

Семејното насилство во тетовско-гостиварскиот регион е во пораст, но Центарот за правна помош (ЦПП), кој работи во состав на невладината организација Женски форум од Тетово, е единственото место каде жртвите од западниот дел на Македонија можат да се обратат за помош.

“Мажот ми со години ме малтретираше и психички и физички. Постојано викаше по мене а јас му бев крива за сé. Често пати и за најмала ситница знаеше добро да ме изнатепа, удирајќи по мене каде ќе стигне. Целата помодрена, скршена морав сето тоа го го трпам бидејќи не знаев што да правам“, ја раскажува својата животна приказна една млада жена, една од многуте жртви на семејно насилство во тетовскиот и гостиварскиот регион. „Родум сум од Албанија и се омажив тука мислејќи ќе имам подобар живот, но добив пекол. Изгубив контакт со семејството во Албанија, овде немав пари, немав имот, бев целосно беспомошна. Не можев ни во полиција да одам и да го пријавам бидејќи немав пари за превоз до град. Молчев и трпев, мислејќи дека ете, можеби работите ќе се подобрат и дека мажот ми ќе сфати дека не може повеќе вака да се однесува кон мене. Но состојбата од ден во ден се влошуваше. Така, после една голема расправија тој повторно ме истепа и ме исфрли на улица. Ми фрли само со две најлонски кеси со најнеопходните лични работи. Долго останав така на улицата плачејќи и незнаејќи што да правам. Мислев дека целиот свет ми се срушил врз мене. Тогаш дојде мојата сосетка и рече дека ќе ми помогне па заедно дојдовме овде во Центарот. Овие луѓе добро ме примија и некако успеаја да ме сместат“, вели жената.

Слаѓана Јосифоска, координатор во Центарот за бесплатна правна помош во Тетово, вели дека овој со жената од Албанија е еден карактеристичен случај на семејно насилство.

Слаѓана Јосифоска, координатор во Центарот за бесплатна правна помош во Тетово (Фото: СДК. МК)

Слаѓана Јосифоска, координатор во Центарот за бесплатна правна помош во Тетово (Фото: СДК. МК)

„Кога жената дојде кај нас беше очајна. Беше подготвена и на улица да спие, само повеќе да не се врати кај сопругот насилник. Ние веднаш стапивме во акција, па преку контакти со наши партнерски организации од Скопје за многу кратко време успеавме да обезбедиме сместување во Кризниот центар во Скопје, а потоа и во Шелтер центарот кој, иако беше преполн, ѝ овозможи на жената да се смести. Бидејќи немаше услови за враќање во семејството, жената остана во Шелтер центарот месец и половина, па ние повторно се ангажиравме и во соработка со Центарот за социјална работа и семејството на жртвата издејствувавме жената и понатаму да остане во прифатниот центар,“ вели Јосифоска.

Во ЦПП најчесто се пријавуваат жртви на психичко и физичко насилство, а има и случаи на сексуално и економско насилство. За жал, освен бесплатна правна помош овој центар не може да им понуди друг вид заштита на жртвите на семејното насилство, вели Јосифоска.

“Во целиот западен регион на Македонија не постои ниеден сервис за жртвите од семејно насилство, освен Центарот за бесплатна правна помош при Здружение Женски форум Тетово. Нема шелтер центар, нема СОС линија, нема психосоцијално советувалиште. Уште еден проблем на кој треба да се работи е обезбедувањето на одржливост на овој Центар. Тој сега се финансира само од странски донации и доброволна, волонтерска работа на адвокатката и координаторката. Верувајте, бројот на пријавените случаи на семејно насилство сигурно ќе биде поголем кога би имале СОС телефонска линија и посебно место каде би ги сметстиле жртвите на семејното насилство“, вели Џане Крешова претседателка на невладината организација Женски форум, која голем дел од својата активност ја насочува кон помош на жртвите на семејното насилство.

И МАЖ Е ЖРТВА

Во 2015 година во Центарот биле пријавени 32 случаи на семејно насилство, а во првата половина на 2016 година 11 случаи, во кои 10 биле жртви жените, а во еден случај како жртва на семејно насилство се јавува маж.

Оние што се осмелиле да го пријават семејното насилство тоа најчесто го прават дури после долгорочно малтертирање кое траело со месеци па и години (Фото: СДК.МК)

Оние што се осмелиле да го пријават семејното насилство тоа најчесто го прават дури после долгорочно малтертирање кое траело со месеци па и години (Фото: СДК.МК)

“Пријавување на семејното насилство е подигнато на многу повисоко ниво, за разлика од почетоците пред десетина години кога ЦПП започна со работа. Тоа не мора да значи дека имаме зголемување на семејното насилство туку дека е подигната свеста кај жртвите на оваа појава. За жал, сѐ уште постојат ограничувачки бариери за жените да пријават насилство, особено за жените од руралните средини, како што се предрасуди, стереотипи, срам од околината, страв од осудување, страв од насилникот, патријархалното воспитување, целосната економска зависност од мажот, недовербата во институциите. И што е најтрагично, оние што се осмелиле да го пријават семејното насилство тоа најчесто го прават дури после долгорочно малтертирање кое траело со месеци па и години“, вели Верица Тимосиеска адвокат во Центарот за правна помош.

Дека семејното насилство во тетовско-гостиварскиот регион е многу повеќе присутно зборува и полициската статистика. Според СВР Тетово, во изминатите седум месеци од оваа година, во Тетово и Тетовско биле поднесени 41 кривична пријава за посериозни случаи на семејно насилство со нанесување телесни повреди, загрозување на сигурноста и присилба.  Најчести сторители се сопрузи, а најчести жртви на ваквиот вид насилство се сопругите, поранешни или невенчани сопруги, татковци, мајки и деца.

За шесте месеци од годинава, на гостиварското подрачје биле изготвени 29 кривични пријави за семејно насилство. И овде најбројни жртви се сопругите, во 16 случаи.

З. Андонов

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира