БЕГАЛКАТА МАРДИНИ СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ ГИ ОТВОРИ ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ЗА СТРАДАЊЕТО НА РАСЕЛЕНИТЕ СО НАСТАПОТ ВО РИО

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Рио,(Индепендент)

    БЕГАЛКАТА МАРДИНИ СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ ГИ ОТВОРИ ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ЗА СТРАДАЊЕТО НА РАСЕЛЕНИТЕ СО НАСТАПОТ ВО РИО

    Пливачката која беше инспирација на Олимпијадата во Рио, сириската бегалка Јусра Мардини, верува дека нејзиниот настап на Игрите ќе помогне да му се отворат очите на светот за страдањето на раселените и луѓето без домови.
    Мардини заврши на седмото место во нејзината квалификациска група на 100 метри слободно, но во нејзиниот случај, спортскиот резултат беше во втор план. Сиријката, која најде прибежиште во Германија, кажа дека сака да го искомбинира пливањето со борбата за помош на бегалците.

    Мардини заврши на седмото место во нејзината квалификациска група на 100 метри слободно, но спортскиот резултат беше во втор план

    Мардини заврши на седмото место во нејзината квалификациска група на 100 метри слободно, но спортскиот резултат беше во втор план

    „Има многу приказни за мене и многу луѓе сакаат да се сликаат со мене. Тоа  е навистина добро, бидејќи тоа помага да се испрати порака до светот, да им покажеме на сите дека бегалците можат да направат нешто. Единствените работи што ги знам сега е дека сакам да продолжам да пливам и да продолжам да ги поддржувам бегалците“, изјави 18-годишничката по настапот во Рио.
    Нејзиното трпение со сите кои сакаа да бидат дел од нејзиниот феномен беше безгранично. Меѓу другите, српските новинари бараа од нејзе да каже „Здраво Србија“ пред нивните камери пред да си замине и таа ги исполни сите желби на медиумите. Приказната за 18-годишната бегалка од Дамаск, која пливаше три часа за да не потоне пренатрупаниот чамец со кој таа и други бегалци патуваа по морето од Турција до Грција, го обиколи светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира