Еден едноставен самослик направен од две млади олимписки гимнастичарки веќе стана еден од најпрепознатливите моменти на Игрите во Рио.
Јужнокорејката Ли Јун Џу и Севернокорејката Хонг Ун Џонг изгледаа како воопшто да не ги интересира непријателството помеѓу нивните земји. Двојката беше забележана како си разговара опуштено со чести насмевки додека се подготвуваа за натпреварот во ритмичка гимнастика. Неколку моменти подоцна и позираа заедно за самослик.
North Korea’s Hong Un-jong and South Korea’s Lee Eun-ju. I love the Olympics. pic.twitter.com/10vvR23AQj
— Bryan Armen Graham (@BryanAGraham) August 7, 2016
Северна и Јужна Кореја технички се уште се во војна, откако војната од 1950-те заврши само со примирје и често се случуваат инциденти со жртви на најутврдената граница во светот.