ШОУ НА ГИЗЕЛА, ТАНГИ, ОГНОМЕТ, НО И ПРОТЕСТИ НАДВОР ОД СТАДИОНОТ НА ОТВАРАЊЕТО НА ОЛИМПИЈАДАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:53:"РиодеЖанеиро,(разниизвори)

    ШОУ НА ГИЗЕЛА, ТАНГИ, ОГНОМЕТ, НО И ПРОТЕСТИ НАДВОР ОД СТАДИОНОТ НА ОТВАРАЊЕТО НА ОЛИМПИЈАДАТА

    Бразил направи тричасовен спектакл со минимален буџет на свеченото отворање на Олимписките игри во Рио, потпирајќи се повеќе на видео ефекти отколку на скапа сценска опрема. Церемонијата на „Маракана“ ноќеска почна смирено со неколку проектирани слики од вода и презентации да оддаде чест на природата и на домородното население во Бразил.rio-otvoranje-1 Потоа настапија акробати, кои ги имитираа движењата на бродовите во танц што требаше да симболизира како европејците пристигнаа во Јужна Америка пред повеќе од пет века.
    Сепак, историските теми брзо завршија и церемонијата се префрли на карневалски музика и танци, а стадионот брзо беше наполнет со двете работи по кои е најпрепознатлив Бразил, фудбалери и супермодели, вклучувајќи ја и Гизела Бундшен и не недостасуваа перја и танги. Настап имаа најголемите бразилски музички ѕвезди, Каетано Велосо, Елза Соарес и Жилберто Жил.rio-ovoranje-2Церемонијата на отворањето беше режирана од Фернандо Меирелеш, кој е познат по филмот „Божји град“ од 2002 година, во кој најдобро е опишано насилството во бразилските фавели. Тој вети дека нема да ги скрие проблемите на Бразил, но продуцентите во последен момент го избришаа делот од сценариото, според кој, Гизела требаше да биде „ограбена“ на плажа.rio-otvoranje-3Фудбалската легенда Пеле требаше да го запали олимпискиот оган и да го означи официјално почетокот на Олимписките игри, но мораше да се повлече поради болест. Место него, честа му припадна на маратонецот Вандерлеи де Лима, кој заврши на третото место на Олимпијадата во Атина, иако беше нападнат од демонстрант.rio-otvoranje-4И покрај тоа што церемонијата во Рио чинеше само една десетина од она што беше потрошено на отворањето на ОИ во Лондон пред четири години, многумина Бразилци се бесни што се трошат пари на Олимпијадата, кога земјата се наоѓа среде тешка рецесија. Тој бес го изразија со протест надвор од стадионот и демонстрантите се судрија со полицијата, која употреби и солзавец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира