ПОЛОВИНА ОД БРАЗИЛЦИТЕ СЕ ПРОТИВ ОЛИМПИЈАДАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"РиодеЖанеиро,(Си-Ен-Ен)

    ПОЛОВИНА ОД БРАЗИЛЦИТЕ СЕ ПРОТИВ ОЛИМПИЈАДАТА

    Околу 50% од Бразилците се против Олимписките игри во Рио де Жанеиро, покажа најновото истражување на бразилската агенција за испитување на јавното мислење „Датафолја“.
    Тоа е двојно полош рејтинг од претходното истражување, спроведено во 2013 година. Тоа е отрезнувачко потсетување дека Бразилците се соочуваат со една од најлошите рецесии во историјата на јужноамериканската земја, која ги засени подготовките за Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, коишто почнуваат на 5 август.
    Покрај анкетата, уште позгрижувачки за организаторите се податокот дека има уште 1,7 милиони непродадени карти за олимписките натпревари на две недели со почетокот на Игрите. Бразилските туристички функционери предвидуваат дека Бразилците ќе ги купат преостанатите карти, инсистирајќи дека локалните жители секогаш чекаат до последниот момент.
    Бразил се наоѓа во најдолгата рецесија во последните 80 години, инфлацијата останува висока и довербата на потрошувачите е ничкосана. Рецесијата се последица на падот на цената на суровините, како нафтата, којашто е двигател на економијата, но и корупцискиот скандал без преседан поврзан со државната нафтена компанија „Петробрас“.
    Политичката криза кулминираше во мај, кога бразилскиот Конгрес почна процес за импичмент на претседателката Дилма Русеф. Нејзиниот мандат беше суспендиран на шест месеци и власта ја презеде привремениот претседател Мишел Темер, но и тој е длабоко непопуларен. Неговиот рејтинг е само 10% и тројца од министрите во неговиот кабинет си поднесоа оставка во меѓувреме поради вмешаност во скандалот со „Петробрас“.
    Наспроти сериозната рецесија и политичката криза, подигнати се сериозни сомнежи дека Рио е подготвен за Игрите. Сите објекти се изградени и функционерите тврдат дека безбедноста ќе бида на високо ниво со 80.000 полицајци и војници во Рио, што е далеку повеќе од претходните Игри во Лондон. Сепак, и покрај тие уверувања, многумина се загрижено околу безбедноста, зика вирусот и инфраструктурата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари