СИРИСКА БЕГАЛКА ЌЕ ПЛИВА ВО РИО ОТКАКО ПЛИВАШЕ ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Берлин,(Би-Би-Си)

    СИРИСКА БЕГАЛКА ЌЕ ПЛИВА ВО РИО ОТКАКО ПЛИВАШЕ ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ

    Минатата година, Сиријката Јусра Мардини мораше да плива за својот живот, откако се најде на претоварен чамец во Егејското море во обид да стигне до Европа, а за неколку дена 18-годишната бегалка ќе настапи на Олимписките игри во Рио.
    По трауматичното бегство од Дамаск, таа ќе биде дел од првиот олимписки тим составен од бегалци на Игрите во Рио, кои почнуваат в петок.

    Покривот на базенот во Дамаск во кој тренираше беше срушен од бомби

    Покривот на базенот во Дамаск во кој тренираше беше срушен од бомби

    Растејќи, Јусра беше како и секој тинејџер, се дружеше со пријателите, постојано насмеана со телефонот в рака и тренираше пливање од тригодишна возраст. Но, сириската граѓанска војна го промени нејзиниот живот. Нејзината куќа беше бомбардирана и таа мораше да се пресели. Покривот на базенот во Дамаск во кој тренираше, исто така, беше срушен од бомби.
    „Не можев веќе да издржам. Можеби ќе загинам попат. Но, и онака сум речиси мртва во мојата земја. Не можам да правам ништо“, вели Мардини за „Би-Би-Си“.
    На 12 август 2015 година, четири и пол години по почетокот на војната, Јусра и нејзината постара сестра ја напуштија Сирија, заедно со двајца роднини на татко им.
    Патувањето до Берлин траеше 25 дена преку Либан, Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија и Австрија. За време на патувањето, нејзиниот живот беше во рацете на вооружени шверцери. Нејзините пливачки вештини дојдоа до израз за време на патувањето со чамец од Турција до островот Лезбос во Грција. Во чамецот, место 6-8 луѓе колку што собира, беа 20-мина и некој мораше да се симне и да плива за да не потонат сите.
    „Си помислив дека ќе биде навистина штета ако се удавам во морето, бидејќи сум пливач“, се потсети Мардини.

    Патувањето до Берлин траеше 25 дена преку Либан, Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија и Австрија

    Патувањето до Берлин траеше 25 дена преку Либан, Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија и Австрија

    Јусра, нејзината сестра Сара и уште три девојки поминаа три и пол часа во морето, влечејќи го чамецот до брегот.
    „Кога стигнавме до Грција, видовме ресторан. Сакавме да купиме храна, но не ни дозволија бидејќи мислеа дека ќе ги ограбиме. Ние им кажавме дека имаме пари, дека мора да ни дадат нешто за пиење“, раскажува младата Сиријка.
    Таа беше гладна и жедна, без чевли, само влажни фармерки и маичка. Пасошот, телефонот и парите и беа завиткани во водоотпорна торбичка и некако успеале да останат здрави.
    „По некое време ни дозволија да си купиме вода и потоа некоја девојка не виде и ми даде чевли и панталони. Многу луѓе мислат дека бегалците немаат дом, дека немаат ништо. Понекогаш ќе видат дека имам ајфон и велат ‘Ти имаш ајфон, Господе’, но јас им велам ‘Секако’. Тие мислат дека живееме во некоја пустина. Не, имавме се, исто како вас“, вели 18-годишничката.
    Бегалците, вклучувајќи ја Јусра, потоа го продолжија патувањето од над 2.000 километри до нивната посакувана дестинација – Берлин. Од Грција, тие поминаа низ Македонија, Србија, Унгарија и Австрија, пеш, со автобус и со воз, пред да пристигнат во Минхен, од каде потоа беа преместени во бегалски камп во Берлин.

    18-годишната Сиријка се надева дека на Игрите во Токио по четири години ќе има реална шанса за медал

    18-годишната Сиријка се надева дека на Игрите во Токио по четири години ќе има реална шанса за медал

    Нејзиното прво прашање во, за нејзе, непознатиот град беше каде има најблиску базен. Еден египетски преведувач ги поврза сестрите Мардини со „Васерфројнде Шпандау 04“, еден од најстарите пливачки клубови во Берлин.
    „Тие ја видоа нашата техника, видоа дека сме добри и не примија“, откри Јусра.
    По четири недели тренирање, тренерот Свен Спанеркребс почна да прави планови за ОИ во Токио, но во март годинава Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека во Рио ќе има тим составен од бегалци. Два месеца пред почетокот на Олимпијадата, Мардини доби имејл од ИОК со покана за настап во Рио.
    „Бев толку среќна. Ми се оствари сонот. Олимпијдата ми значи се, тоа ми е животна шанса“, кажа таа, иако е убедена дека дури по четири години во Токио би имала реални шанси за медал.
    Јусра ќе се натпреварува во дисциплината 200 метри слободно, која е на програмата во Рио на 8 август (понеделник).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира