БИТОЛСКАТА ДРАГОР СТАНА КАКО ПРИЛЕПСКАТА ЛАЈНАРКА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛСКАТА ДРАГОР СТАНА КАКО ПРИЛЕПСКАТА ЛАЈНАРКА

    Лајнарка се нарекуваше реката што тече низ Прилеп уште од приказните за Итар Пејо, иако денес прилепчани ја викаат Градска Река. Името од хумористичните приказни ѝ одговараше со години зашто водата беше загадена од отпадните и канализациски води кои завршуваа во реката. Но, прилепчани се свестија побрзо од битолчани за овој еколошки проблем и покренаа иницијатива за чистење на Лајнарка. Во Прилеп во тек е изградба на пречистителна станица, која според најоптимистичките прогнози ќе биде завршена годинава. Проектот чини над 10 милиони евра,  85 проценти од средствата се обезбедени од ИПА фондовите, а остатокот со национално кофинансирање.

    И битолската градска река Драгор сега може да се нарече Лајнарка според загадувањето. Според Локалниот еколошки акционен план, во неа се влева отпадната канализациона и индустриска вода без претходен третман. Два пати е поголема количината на канализациона вода од количината на чиста вода во реката. Но, Битола сѐ уште нема изградено пречистителна станица. Доцни дури и зад Прилеп.

    Драгор почна да станува и ѓубриште, дел од отпадот во битолската чаршија завршува в река (Фото: СДК.МК)

    Драгор почна да станува и ѓубриште, дел од отпадот во битолската чаршија завршува в река (Фото: СДК.МК)

    Битолскиот градоначалник Владимир Талески, чиј мандат истекува во мај, најави дека овој крупен проект ќе биде изработен и ќе се распишат тендери за изведувачи кон крајот на оваа година. Тоа значи дека проектот се префрла да го реализира идната локална власт. „Штом се завршат постапките кон крајот на 2017 или почетокот на 2018 година, очекуваме директно започнување на изградба на колекторскиот систем и пречистителната станица, што ќе значи прифаќање на отпадните води од најголемиот дел од населението во општината“, рече Талески.

    Најави за изградба на пречистителна станица од локалните власти имаше пред повеќе од 12 години. Но, досега не се изгради.

    „Иако одзеде многу време, не значи дека нашите вработени и останатите не вложија максимално напори сето ова да се заврши. Општина Битола има многу незгодна конфигурација, зборувам географски, па беше многу тешко да се направи проект за да ги собере максимално водите од целата површина. Во првата фаза беа шест, а сега се осум колектори кои ќе ја собираат водата од цела површина на Општина Битола и ќе ја носат во пречистителната станица“, вели Талески.

    Пречистителната станица и колекторскиот систем ќе чинат 25 милиони евра, а засега официјално не се соопштува од каде Општина Битола ќе најде толку пари.

    Во меѓувреме, битолска Лајнарка почна да станува и ѓубриште. Дел од отпадот во битолската чаршија завршува в река. Иако се поставени табли дека водата не е хемиски и биолошки неисправна, сѐ уште можат да се сретнат граѓани како фрлаат јадици за да уловат некоја риба во битолската Лајнарка.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира