ДРВОКРАДЦИ ЈА СОГОЛИЈА ТРИМ ПАТЕКАТА НАД СТРУМИЦА

    ДРВОКРАДЦИ ЈА СОГОЛИЈА ТРИМ ПАТЕКАТА НАД СТРУМИЦА

    Трим патеката за рекреација и спортување што се наоѓа во шумовитиот предел над Струмица е речиси соголена и уништена. Дрвокрадци со секири и пили секојдневно сечаат дрвја за огрев и со рачни колички  ги симнуваат  во своите домови. Дивата сеча најчесто се случува доцна навечер или рано наутро, а најмногу е изразена во зимските месеци секоја година. Струмичани кои секој ден пешачат велат дека контуинирано снемува по некое дрво вдолж патеката, што беше адаптирана за рекреација пред десетина години со средства на Општина Струмица и УНДП.

    „Ние не заслужуваме добро. Имаше и клупи за одмор и дрвени платформи за физичко истегнување, за правење лесни рекреативни вежби. Но ништо од тоа. Останаа само две клупи и неколку демолирани знаци кои сведочат за нашата некултура“, - велат струмичани (Фото: СДК.МК)

    „Ние не заслужуваме добро. Имаше и клупи за одмор и дрвени платформи за физичко истегнување, за правење лесни рекреативни вежби. Но ништо од тоа. Останаа само две клупи и неколку демолирани знаци кои сведочат за нашата некултура“, – велат струмичани (Фото: СДК.МК)

    „Со години пешачам по оваа патека која изобилуваше со многу листопадни и зимзелени дрвја. Сега останаа само младите фиданки. Секојдневно снемува по некое дрво. Наутро ќе видиш како е сечено неко дрво, а веќе следниот ден го нема. Кој каде стигне си сече, а овој предел се белите дробови на градот. Од шумското стопанство мора повеќе да вршат контроли овде“, вели Митко Теризев од Струмица.

    „Шумскиот фонд овде е на удар на ситни дрвокрадци. Доаѓаат граѓани кои немаат огревно дрво, па со секири или рачни пили под изговор дека собираат суви гранки си сечаат или цели стебла. Си ги товараат во колички на туркање или со коњи и магариња на самари си ги носаат кон домовите“, вели Ацо Јанакиев, кој тврди дека честопати влегувал и во вербален дуел со несовесните граѓани кои ги смета за главни виновници што трим патеката е соголена.

    По патеката има неколку мали водопади и природни извори за кои струмичани сметаат дека се со света вода (Фото: СДК.МК)

    По патеката има неколку мали водопади и природни извори за кои струмичани сметаат дека се со света вода (Фото: СДК.МК)

    Трим патеката над Струмица е во должина од 2.100 метри и со висинска разлика од 135 метри. Се протега од Ловниот дом до манастирскиот комплекс „Св. Илија“. Претходно беше запуштена и тешко проодна. Општина Струмица со средства од УНДП изгради мостови, скалила, на ризичните места поставени се огради но и клупи за одмор. Паралелно, на 17 локации по патеката по која може да се трча, беа монтирани станици за вежбање со упатства како рекреативците да ги изведуваат вежбите. Но за жал, најголемиот дел од станиците се уништени. Дрвените платформи ги нема, ниту пак знаковните табли за правилно изведување на физичката активност.

    Оваа патека се користи и за пристап до манастирскиот комплекс „Св. Илија“ каде на истоимениот празник има голем народен собир (Фото: СДК.МК)

    Оваа патека се користи и за пристап до манастирскиот комплекс „Св. Илија“ каде на истоимениот празник има голем народен собир (Фото: СДК.МК)

    „Ние не заслужуваме добро. Имаше и клупи за одмор и дрвени платформи за физичко истегнување, за правење лесни рекреативни вежби. Но ништо од тоа. Останаа само две клупи и неколку демолирани знаци кои сведочат за нашата некултура. Место да ја заштитеме трим патеката која освен за рекреирање  може да служи и за тренинзи, ние ја уништуваме“, реагира повеке одбојкари кои трчаа патеката.

    Од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица, иако ветија не одговорија каква е состојбата со дрвокрадството во регионот, вклучувајки го и шумскиот предел над Струмица каде се наоѓа трим патеката Ловен дом – „Св. Илија“.  Директорот на подружницата на ЈП Македонски шуми во Струмица Кире Михаилов не одговараше на телефонските повици за да одговори кои мерки ги превземаат за да се заштити овој предел од ситните дрвокрадци.

    Водопад на трим патеката (Фото: СДК.МК)

    Водопад на трим патеката (Фото: СДК.МК)

    Од шумската полиција велат дека нивни екипи патролираат и во овој предел но дека тешко оди откривањето на дрвокрадците . До нив имало пријави од рекреативци дека  се уништува шумскиот фонд на трим патеката, но ретко кога ги имале затекнато како вршат бесправна сеча. На оние што ги фатиле на лице место им се одземени рачните пили и против нив се поднесени соодветни пријави.

    Секојдневно по стотина струмичани пешачат и трчаат по оваа патека. Најмногу ги има преку викендите во летниот период. Оваа патека се користи и за пристап до манастирскиот комплекс „Св. Илија“ каде на истоимениот празник има голем народен собир. По патеката има неколку мали водопади и природни извори за кои струмичани сметаат дека се со света вода.

    В. ТРАЈКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари