ДРВОКРАДЦИ ГО ПУСТОШАТ НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МАВРОВО

    ДРВОКРАДЦИ ГО ПУСТОШАТ НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МАВРОВОЖители на селата Нистрово, Грекај, Рибница, Нивиште и Тануше велат дека секојдневно се сечат дрвја од планината и ги повикуваат институциите да  го стопираат уништување на природата. (Фото: СДК.МК)

    Националниот парк Маврово се соголува и пустоши од дрвокрадци кои слободно си сечат дрва. Жители на селата Нистрово, Грекај, Рибница, Нивиште и Тануше велат дека секојдневно се сечат дрвја од планината и ги повикуваат институциите да  го стопираат уништување на природата.

    „Состојбата во овој дел е алармантна. Од поплавите од декември минатата година, каде беа оштетени патишта и мостови, Националниот парк и Општина Маврово и Ростуша не презедоа доволно мерки. Сега наместо да бараат брзи решенија за санирање на сегашниот пат и оштетените мостови, тие предизвикуваат еколошка катастрофа само за да им овозможат на приватните фирми да сечат дрва за греење“, валат од здружението за рурален развој „Преродба на Горна Река“ од Гостивар.

    Жителите на селата на социјалните мрежи објави и видеа од сечата на дрвја.

    „Долж патот кој води кон нашите села стојот исечени стотици  здрави дрвја. Никој не интервенира, а бесрамно се уништува националниот парк. Ги чекаме институциите да дојдат и да постапат“, вели Бардхул Мифтари.

    На годишно ниво во Македонија се краде огромна количина дрвна маса која што завршува на црните пазари за огревно дрво. Истражувањето на Центарот за европски стратегии „Евротинк“ на тема „Спротивставување на корупцијата во животната средина на локално ниво“ направено пред три години покажа дека застрашувачка е состојбата со дивата сеча на дрва. Оперираат организирани криминални групи, со строго утврдена хиерахија, во многу чести случаи поврзани со поединци во државните институции, коишто за жал се корумпирани. Истражувањето покажало дека надлежните институции поднесуваат мал број прекршочни и кривични пријави, најчесто кон непознат сторител.

    Македонија досега нема направено попис на шумскиот фонд, па поради тоа не може точно да се утврди колкава површина на шуми е уништана од дрвокрадците. Македонија, шумите ги има добиено од два наврати и тоа големо пошумување во седумдесетите години на минатиот век во време на социјализмот кога со одлуката било забрането чувањето на кози и извршена е заштита на шумите, вториот период е од поново време со акцијата Ден на дрвото, но тука се знае каков ефект е постигнат.

    А. АНТЕВСКА

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира