КЛИМАТСКИТЕ АКТИВИСТИ ПАК ФРЛИЈА БОЈА ВРЗ СПОМЕНИКОТ НА УСТАВОТ ВО БЕРЛИН

    КЛИМАТСКИТЕ АКТИВИСТИ ПАК ФРЛИЈА БОЈА ВРЗ СПОМЕНИКОТ НА УСТАВОТ ВО БЕРЛИНАктивистите од групата Последна генерација поставија и плакат на кој пишува: „Оваа влада ни ја уништува животната основа“. (Фото: ЕПА)

    Климатските активисти денеска уште еднаш вандализираа споменик во Берлин посветен на германскиот Устав, со мачкање леплива течност врз неговите стаклени панели. Активистите од групата Последна генерација поставија и плакат на кој пишува: „Оваа влада ни ја уништува животната основа“.

    Полицијата соопшти дека во акцијата учествувале тројца мажи и три жени. Последна генерација соопшти дека ставила „крваво-црвени отпечатоци од раце“ на споменикот и ги покри цитатите од Уставот со плакати.

    Последна генерација смета дека владата го прекршува Уставот со тоа што не дејствува доволно против климатските промени.

    „Грундгезец 49“ (Основен закон од 1949 година) на израелскиот уметник Дани Караван се состои од стаклена плоча изгравирана со цитати од Уставот, кој во Германија е познат како Основен закон и кој беше усвоен по Втората светска војна во 1949.

    Сличен трик на Последната генерација на почетокот на март предизвика контроверзии, и беше осуден од политичарите од сите провиниенции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира