Кочански екологисти, граѓански активисти и рекреативци од повеќе населени места околу браната Гратче денеска протестираа против изградбата на мини хидроцецентрала на реката Мала Река. Веќе трет месец тешка маханизација и камиони со голема тонажа се движат по локалниоот пат покрај реката Мала Река каде се гради мини хидроцентрала.
„Под чудни околности се издадени дозволи иако за неа немало никаква јавна расправа. Од Општина Кочани добивме одговор дека записник од некаква јавна расправа не постои. Но, и покрај тоа од Обвинителството добивме одговор дека нашата пријава за обвинение се одбива. И денес се прашуваме како може да се издаде дозвола за хидроцентрала која се наоѓа во близина на област која е во заштитено подрачје“, вели активистката Ана Симонова.
Денешниов протест тие најмногу го одржуваат револтирани што низ локалниот пат, кој всушност е пешачка потека на илјадници рекреативци, се дозволува да минува тешка механизација.
Според револтираните граѓани, целиот овој терен е склон на свлечување на замјиштето и од употребата на тешката механизација се загрозува и самата брана Гратче која ако не се спречи уништувањето на целокупониот биодиверзитет за неколку години ќе се наполни со талог. Со тоа во опасност ќе биде и самата брана која е од големо значење за целиот регион и за сите граѓани од Кочани.
„Бараме државниот инспекторат за животна средина да излезе на лице места и да ја утврди фактичката состојба затоа што се работи за заштитетно подрачје, а Обвинителството по допрен глас да испита како се дадени дозволите без јавна расправа и како е одобрен патот за користење од тешка механизација“, рекоа активистите од Кочани.
Кочанските екологисти имаа поддршка и од други еко-друштва во Македонија.
Т. ЈОВАНОВСКИ