ЛУЃЕТО МОРА ДА ИЗЛЕЗАТ ОД КОМФОРНАТА ЗОНА И ДА МИСЛАТ ПОВЕЌЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, РЕКОА ОД КОАЛИЦИЈА ЗА КЛИМА

    ЛУЃЕТО МОРА ДА ИЗЛЕЗАТ ОД КОМФОРНАТА ЗОНА И ДА МИСЛАТ ПОВЕЌЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, РЕКОА ОД КОАЛИЦИЈА ЗА КЛИМАКоалицијата за клима претставува најголемата неформална мрежа на повеќе од 70 граѓански организации и експерти кои работат на прилагодување и ублажување на климатските промени. (Фото: Колаиција за клима)

    Носењето политики од јавен интерес во секторите за заштита на животна средина и климата мора да се случува во процес во кој се вклучени сите засегнати страни, а јавноста и особено локалните заедници се соодветно информирани, рекоа граѓанските организации на годинешната средба на Коалицијата за клима.

    Целта на средбата беше да ја сумира работата на граѓанските организации  од секторите заштита на животна средина и климатските промени во изминатиот период. Се работеше и на информирање на членките за актуелните случувања во сектори клима, како и секторски реформи кои државата ги спроведува во делот на климатските промени.

    Граѓанските организации се клучен двигател на глобалните напори за постигнување јаглеродна неутралност. Додека владите, бизнисите и академијата имаат важна улога, притисокот да се променат неодржливите практики, да се оттргнат луѓето од нивните комфорни зони, мора да дојде од долу нагоре, а тоа е нешто кое граѓанскиот сектор го прави најдобро“, рече амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин.

    Коалицијата за клима јасно покажа, особено во минатата година, дека е активна мрежа која постојано ги следи тековните случувања и е подготвена заедно да реагира, како коректор на власта во клучни процеси поврзани со заштитата на животната средина“, изјави Ана Чоловиќ-Лешоска, извршна директорка на „Еко-свест“.

    Националната коалиција за клима на оваа дводневна средба работеше на подготовка и усвојување на свои заеднички позиции и барања за тековните случувања во секторите клима и енергија, но и на Стратешкиот план за работа за 2025-2030 на коалицијата и планирање на идни активности и чекори.

    Коалицијата за клима претставува најголемата неформална мрежа на повеќе од 70 граѓански организации и експерти кои работат на прилагодување и ублажување на климатските промени.

    Работата на Коалицијата за клима на ГО и годишната средба се поддржани преку проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ финансиран од владата на Шведска, спроведуван од Еко-свест, Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе (ЦНВП Македонија).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира