ШВАЈЦАРЦИТЕ ГО МЕРАТ ТОПЕЊЕТО НА ГЛЕЧЕРИТЕ ВО АЛПИТЕ ПО УШТЕ ЕДНО ЖЕШКО ЛЕТО

    ШВАЈЦАРЦИТЕ ГО МЕРАТ ТОПЕЊЕТО НА ГЛЕЧЕРИТЕ ВО АЛПИТЕ ПО УШТЕ ЕДНО ЖЕШКО ЛЕТОГлечерите низ светот се мерат како доказ на глобалното загревање (Фото: АП)

    Бели полиња од снег и мраз го отстапија местото на сиви карпести формации во швајцарските Алпи, додека глечерите се топат по уште едно жешко лето.

    Минатата година е регистрирана најлошата стапка на топење на швајцарските глечери откако почнале да се прават мерењата пред повеќе од еден век, при што тие изгубиле 6% од својот волумен во текот на 2022. Уште еден бран на топење се очекува оваа година, изјави Матијас Хус, кој предводи тим кој ја мери загубата на мразот.

    „Летото беше премногу топло. Првите трендови укажуваат на тоа дека и оваа година се карактеризира со многу големи загуби. На оваа позиција имаме загуба од два метра мраз, што е навистина многу, имајќи предвид дека се наоѓаме на највисоката точка на глечерот, каде што тој, всушност, акумулира нова маса“, вели Хус.

    Глечерите низ светот се мерат како доказ на глобалното загревање, додека температурите растат. Во Швајцарија, просечната температура во август била 15,5 степени, 1,2 степени над нормалните нивоа. Во планините во Кран Монтана, на 24 август биле измерени рекордни 31,5 степени.

    „Топењето оваа година можеби нема да биде екстремно како во 2022, но ситуацијата е загрижувачка. Пејзажот се менува со голема брзина, се појавуваат нови карпи и пределот станува сив и мрачен“, додаде Хус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира