СО КАМПАЊАТА „ЗАЕДНО ЗА КЛИМАТСКА АКЦИЈА“ ЕКО-СВЕСТ ПОВИКУВА НА ЗДРУЖУВАЊЕ ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

    СО КАМПАЊАТА „ЗАЕДНО ЗА КЛИМАТСКА АКЦИЈА“ ЕКО-СВЕСТ ПОВИКУВА НА ЗДРУЖУВАЊЕ ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИЦелта е заедничко справување и ублажување на климатските промени со локални акции и граѓански сојузништва. (Фото: Еко-свест)

    „Само една Земја“ е мотото со кое Еко-свест годинава го одбележува Светскиот ден за заштита на животната средина – 5 Jуни, со особен фокус на заедничко справување и ублажување на климатските промени со локални акции и граѓански сојузништва.

    „Потенцирајќи ја важноста и справувањето со климатските промени на овој значаен ден за животната средина, ја започнуваме кампањата ‘Заедно за климатска акција’ како дел од проектот ‘Граѓанските организации во акција за климатските промени’.
    Оваа стратешка програма за Еко-свест има за цел да придонесе кон креирање на живо и силно граѓанско општество, кое суштински се вклучува во процесот на трансформација, декарбонизација и обнова на нашето општество за почиста средина и поздрави граѓани“, велат од Еко-свест.

    Од организацијата додаваат дека „Заедно за климатска акција“, освен што редовно ќе ја едуцира и информира јавноста за важноста од справувањето со климатските промени, главно ќе иницира и воспостави сојузништва преку кои „нашите заложби ќе бидат остварени на посеопфатен начин, а справување со климатските промени ќе добие интерсекторски, опсежен и динамичен интензитет“.

    Оваа програма која е поддрѓана од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (СИДА) трае три години, а Еко-свест ја спроведуваме со Македонското здружение на млади правници(МЗПМ) и фондацијата ЦНВП.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира