КУПИШТА ОТПАД ПО ВИНСКИТЕ ПАТИШТА ВО ТИКВЕШКО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:49:"Неготино,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КУПИШТА ОТПАД ПО ВИНСКИТЕ ПАТИШТА ВО ТИКВЕШКО

    Купишта отпад по винските патишта во Тиквешко, оние кои водат до лозјата и винариите кои ја кријат македонската винска приказна, за која се прават напори да им биде раскажана на што е можно повеќе вински туристи од земјава и странство.

    Од комуналните претпријатија во Неготино и Кавадарци велат дека се мачат со дивите депонии кои никнуваат речиси секојдневно. Велат дека имаат поставено контејнери не само во градот туку и по села, но и на други фреквентни места.

    Најмногу отпад има кон месностите Белград и Овчка Река, надалеку познати по производството на квалитетно грозје (Фото: СДК.МК)

    Најмногу отпад има кон месностите Белград и Овчка Река, надалеку познати по производството на квалитетно грозје (Фото: СДК.МК)

    „Но, шутот кој останува по одредена градба или доградба, реновирање и слично, наместо да се однесе на градската депонија, несовесните го оставаат таму каде ним им одговара. Вакви диви депонии најчесто се создаваат кон селата Тимјаник и Долни Дисан. Ги чистиме таквите депонии по сопствено согледување или по пријава, но за жал  тие повторно се создаваат“, вели Наташа Лазова, директор на неготински „Комуналец”.

    Таа ни нагласи дека додека тие на едно место чистат, оние кои мислат дека може да оставаат отпад каде  што сакаат, создаваат други депонии, како во новата сиромашна дива населба кон селото Курија неготинско.

    Волонтери од земјава и странство ги чистат дивите депонии, но тие пак се создаваат (Фото: СДК.МК)

    Волонтери од земјава и странство ги чистат дивите депонии, но тие пак се создаваат (Фото: СДК.МК)

    Ѓорѓи Поп Ицов, раководител на секторот за комунална хигиена при кавадаречки „Комуналец” вели дека најмногу отпад има кон месностите Белград и Овчка Река,  надалеку познати по производството на квалитетно грозје. Винарите кои своевремено произведувале вино од грозјето во месноста „Белград”, се дури и опеани во познатата македонска народна песна „Билјана платно белеше”, во која се пее за винарите белограѓани.

    „Редовно имаме акции за чистење на дивите депонии во организација на општината. Замислете, има и такви кои ѓубрето го оставаат дури и по патот кон градската депонија ‘Мелци’ кој е асфалтиран, па не ги чини многу ако го остават таму каде што треба, а не каде ќе им текне, додаде Поп Ицов.

    Тој ја посочува и Желков Дол како една од критичните локации со диви депонии во кавадаречко.

    С. ДАРУДОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира